Јас, родител на тинејџер: Како вашето дете да не ве мрази (многу)

Не треба да глумите мајка - суперхерој, но исто така не треба постојано да го потенцирате вашето лично незадоволство, бидејќи детето може да добие впечаток дека тоа има некаква врска  со ова

0
219

Животот со тинејџер може да биде (и е) пекол. Нема книги, прирачници или совети кои ќе ви помогнат да се справите со секојдневниот наплив на хормони – особено затоа што едвај живеете и со сопствените. Во некои моменти, вашиот тинејџер секако ќе ве мрази, но некогаш можеме да влијаеме на нашиот пристап кон нив.

Сетете се на себе, но сетете се и дека е времето поинакво

Најголемиот проблем во разбирањето на ставот на нашето дете е јазот во генерациите. Дури и да се сеќаваме какви бевме како тинејџери, времето е различно, па не можеме да разбереме какви глупости сака нашиот тинејџер, од што се фасцинирани, одлуките што ги носи. Ако го вратиме филмот доволно далеку, ќе се сетиме дека немавме толку многу проблеми како денешните адолесценти, притисокот е многу поголем во ова модерно време. Обидете се да го земете и тоа предвид следниот пат кога ќе ја треснат вратата од својата соба.

Почитувајте ја приватноста на вашето дете

Адолесценцијата е период кога вашето дете открива работи за себе кои ќе го изненадат и шокираат. Откривањето на она што го возбудува, што го привлекува, ќе биде посвесно од кога било за неговите недостатоци, а тоа не е лесно во време кога општеството отворено покажува со прст кон нив. Во исто време, ќе открие дека не се сите пријателства трајни и дека луѓето се сурови – и се што ќе сфати, ќе сака да зачува за себе. Почитувајте го тоа. Не му ги читајте пораките, не поставувајте непотребни потпрашања, не го следете на социјалните мрежи. Кога вашето дете е подготвено, тоа ќе ви каже сè што треба да знаете, а она што не треба, навистина не треба да го знаете.

Замижете на некои работи

Родителите знаат, слушаат и предвидуваат многу – мајчинскиот инстинкт е често непогрешлив. Но, исто така, не треба да покажуваме дека знаеме некои работи. Тинејџерскиот период е многу лизгава падина, и ако го посрамотиме нашето дете за нешто сосема нормално (што нам не ни е нормално да го прави нашето дете), тоа ќе има трајни последици. Тие ќе ги доведат во прашање нивните одлуки и нивните ставови, а тоа на еден пубертетлија тешко ќе му падне. Знаете дека проба цигара? Добро, кој од нас не пробал во тие години, не бидете лицемер. Дојде дома 15 минути подоцна? Тоа се академски 15 минути, не се фаќајте за секоја ситница. Ако замижите пред ситните работи, ќе имате многу повеќе снага кога ќе дојде вистински проблем (а ќе дојде).

Не чувствувајте вина кога поставувате граници

Само кога ќе се појават тие големи работи, кога проблемот ќе стане нешто со кое детето не може само да се справи, вие треба да го преземете кормилото. Колку и да се трудиме да се поставиме пријателски, некогаш можеме да го загрозиме целиот тој напор кога треба да реагираме поостро и да поставиме граници. Сепак, тоа е императив и е важно за детето, особено во тинејџерските години. Тие тогаш се како бебиња, мислат дека можат да направат сè – но не можат баш сè. Затоа родителите се тука. Тие ќе ви бидат благодарни на долг рок и ќе се сетат на тој пример кога ќе бидат и тие родители, но краткорочно најверојатно ќе ве мразат. Тоа е подарок за секој родител на тинејџер.

Покажувајте ги своите слабости дозирано

Најлошиот момент на секој човек е кога ќе сфати дека неговата мајка се бори со слични проблеми како и тој. Да се ​​чувствувате несреќно, дека е незадоволна, дека се бори, дека луѓето ѝ задаваат проблеми, дека некој го крева гласот на неа … Токму затоа треба да ги покажувате своите емоции умерено. Не треба да глумите мајка – суперхерој, но исто така не треба постојано да го потенцирате вашето лично незадоволство, бидејќи детето може да добие впечаток дека тоа има некаква врска  со ова – децата често не разбираат дека родителите имаат живот надвор од sидовите на домот.

Дајте му пример дека човек може сè што ќе замисли

Најдобриот совет кој некој некогаш ќе ви го даде: Живејте го својот живот. Вашето дете е конечно доволно големо за да може да се грижи само за себе! Може да се посветите на пријателствата, да се видите со вашиот партнер некаде надвор од дома, да патувате некаде каде што никогаш не сте можеле со детето. Одете на курс, фокусирајте се на вашата работа, започнете одново ако досега не сте биле успешни. Покажете му на вашето дете дека човек може да постигне сè што замислува ако е доволно вреден и дајте му пример дека жената не е само мајка – туку е и кралица.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]