Јас не сум девојче, мислам дека сум момче

Таткото на најмладото трансродово дете во Велика Британија тврди дека неговиот син не е девојче уште од раѓање. Метју Стубингс вели дека неговиот син Сторми, кој се родил како близнак и при раѓањето му бил утврден женски пол, почнал да покажува знаци на идентифицирање како машко на само 18 месеци.

0
193

„Јас не објавувам често лични работи на LinkedIn. Ова е еден од моите синови. Весело, среќно момче кое си го сака својот живот. Она што многумина не го знаат е дека е роден како женско. Неговиот родов идентитет, она што му е во главата, не одговара на неговиот физички пол“, напишал Британецот Стубингс (44) на LinkedIn.

Таткото истакнува дека неговиот син отсекогаш мразел фустанчиња и убави чевли, а на возраст од две и пол години на семејството му рекол: „Јас не сум девојче, мислам дека сум момче“. Тој сакаше да се облекува во облеката што ја носеше неговиот брат близнак Арло и се интересираше за професии како пожарникар и полицаец.

„Горд сум затоа што знае кој е и затоа што не е ограничен со социјалните норми и предрасуди. Сите можеме да научиме нешто од ова мало момче и јас учам секој ден. Секој е различен. Сите треба да го прифатиме тоа и да не се обидуваме да ги принудуваме луѓето да се сместат во кутијата што ни одговара, да ги прифаќаме какви што се, е единствениот начин да се поттикне иновативност, раст и да се искористи максимумот од сите“, додава Метју, истакнувајќи дека добил дозвола од неговиот син да ја објави неговата фотографија затоа што момчето е гордо на тоа што е.

Дејли Меил пишува дека семејството ја прифатило одлуката на Сторми, но многумина сепак го гледаат како девојче.

„Сторми никогаш не беше девојче. Никогаш не го рече тоа. Ние му објаснивме нему и на неговиот брат дека има различни родови, како и дека е можно да се биде небинарен и тој рече дека мисли дека е момче”, тврди таткото кој бил во посета со неговиот син кај лекар од општа пракса и ја објаснил ситуацијата. Биле упатени до Институтот за човечки односи Тависток во Лидс.

„Добивме одговор дека е пријавен, но дека не прават ништо додека детето не наполни 10 години или не влезе во пубертет. Не можам да нагласам колку е важно да се прифаќаат луѓето такви какви што се”, објаснува тој.

Метју вели дека имало возрасни на кои им било тешко да прифатат дека неговото име повеќе не е Смарагд, туку Сторми и дека тоа не е девојче, туку момче.

„Тешко е со оние што го познаваат. Луѓето што го гледаат на улица знаат дека е момче, нема проблем со нив. Загрижен сум како ќе се снајде на училиште, во тоалетот или во соблекувалните. Сторми е во ред, а тоа не му пречи ниту на неговиот брат“, вели таткото.

Метју и неговата сопруга Кјара се принудени да го запишат Сторми во училиште под името што му го дале при раѓањето затоа што во Велика Британија се смета дека изводот на родените го одредува името. Тие се надеваат дека училишниот персонал ќе биде професионален и отворен.

Фото: LinkedIn

[better-ads type='banner' banner='999' ]