Што ќе научиме од појавата на морбили во Скопје?

Сигурно сте скушнале дека во 70-тите години имало доста случаи на заушки помеѓу децата, а некои од повозрасните, доколку имале среќа да преживеат, цел живот ги носат со себе последиците од детската парализа. Денеска, кога се актуелни полемиките и дилемите за и против вакцините, се соочуваме со мала, но не помалку опасна епидемија на морбили.

0
707

Скопските градинки од утрово не смеат да примат деца кои не ја примиле МРП вакцината. Забраната ја донесоа здравствените власти откако деца заразени од морбили има во речиси сите скопски општини. Во Скопје е прогласена епидемија на мали сипаници откако изминатите два дена биле регистрирани 12 случаи на морбили од кои 6 и официјално биле потврдени а за останатите се чекаат лабораториските резултати.

Често сме сведоци на различни мислења за вакцинирањето, а родителите се со право загрижени за здравјето на своите деца. Недоволна едукација, но и многу теории на заговор се извор на недоумиците на многу родители кога станува збор за редовното вакцинирање на децата. Родителите се исплашени поради информациите од поддржувачите на антивакциналната кампања, кои веруваат дека вакцините, особено оваа, предизвикуваат тешки болести, а меѓу другото и аутизам.

Но факт е дека благодарение на вакцоните, бројни заразни болести биле искоренети. Таков е случајот со големите сипаици, дифтеријата, смртоносна болест која ја нема веќе повеќе од 6 децении, а слично е и со детската парализа. Секако, никому не му паѓа на памет да ги укине овие вакцини, заради реалниот страв од нови епидемии. Многу животи се сочувани во последните триесетина години благодарение на вакцините против разни вируси и бактерии и тоа секако не се само приказни, туку историски факти. Актуелното случување повторно ја враќа оваа тема па решивме и ние да потсетиме за која и за каква вакцина станува збор.

Тројната вакцина МРП е комбинирана вакцина против мала сипаница, заушки и рубеола.

Инаку, станува збор за вирусни инфекции, а пред воведувањето на оваа вакцина, огромен број деца заболувале од наведените три заразни болести. Морбилите спаѓаат во посериозните болести затоа што може да дојде до компликации (воспаление на увото, воспаление на белите дробови или во најтешки случаи, до воспаление на мозокот со тешка клиничка слика и лоша прогноза), покрај вообичаената клиничка слика која подразбира висока температура и осип. Некому можеби ќе му звучи драстично, но навистина се умирало од морбили. Заушките кај одреден број на деца предизвикувале сериозни компликации (дури и стерилитет кај машките), а рубеолата е еден од најопасните вируси за трудниците и за неродените бебиња (секако, ако е трудницата вакцинирана, таа е заштитена).

Бидејќи бројни научни (епидемиолошки) студии ја потврдиле ефикасноста на вакцнита, таа станала дел од задолжителната програма за имунизација.

Оваа вакцина се дава со инјекција веднаш по првиот роденден или во период помеѓу 13 и 18 месеци. Ако детето не ја добило вакцината во втората година, таа може да се даде и подоцна па многу родители кои се плашат од последиците, го прават токму тоа. Го одложуваат добивањето на вакцината што секако дека не е грешка, па е подобро детето да ја добие вакцината подоцна, отколку никогаш. Дете кое ќе ја прими првата доза дури пред поаѓање во училиште, би требало да ја прими втората доза после една година за да создаде комплетен имунитет.

Но лекарите велат дека нема потреба да се одложува затоа што во тој случај детето се изложува на опасност да добие некоја од споменатите болести пред да се вакцинира. Денеска тие три болести се ретки, но актуелната епидемија на морбили само не потсетува на неопходноста на вакцините. Заради сѐ поголемиот број невакцинирани деца можни се и поголеми епидемии.

Сега се модерни студиите кои ги следат несаканите ефекти од вакцините. И станува збор за нрзависни, мултицентрични истражувања (обично се спроведуваат на повеќе континенти истовремено), и не се финансирани од производителите на вакцини, а се под надзор на меѓународните институции со огромен кредибилитет. Речиси сите големи студии се под покровителство на Светската здравствена организација. Една од тие студии јасно покажала дека „спорната“ вакцина нема никаква врска со аутизмот. После оваа стурија се направени уште неколку истражувања (од страна на други стручњаци), со потполно ист заклучок. Во богатите земји се води многу сметка за здравјето на населението, а пред сѐ, на децата.

Од една страна тоа е природна, хумана грижа, но од друга страна, тука е и економскиот аспект. Медицината е скапа, а особено е скапо лекувањето. Затоа економските експерти одамна пресметале дека е поефтино да се спречи отколку да се лечи.

И конечно, секое дете е приказна за себе, но ако се погледн односот на користа од вакцинацијата и несаканите ефекти, јасно е дека вакцините се апсолутно неопходни.

А она што најчесто се поврзува со оваа вакцина е појавата на аутизам кај децата. Тоа потекна од една група британски лекари кои во еден труд а поврзаа МРП вакцината со појавата на аутизам кај децата. Меѓутоам многу брзо почнаа да се спроведуваат бројни, опсежни истражувања кои опфатиле огромен број деца во различни земји од светот. Тука се и студиите нои го споменавме и претходно, а кои не биле финансирани од производителите на вакцините, а резултатите биле сепак исти: кога се сумирале резултатите од овие истражувања, било дојдено до несомнен и јасен заклучок: МПР вакцината не е причината за аутизмот кај децата! Со дополнителна проверка се покажало дека тоа прво „истражување“ било во најмала рака лошо спроведено, дека се заклучоците погрешни, а главниот автор се соочил со сериозни дисциплински мерки.

Една опсежна студија се занимавала со проучување на евентуалната поврзаност на МПР со појавата на аутизам кај децата чии родени браќа или сестри заболеле од аутизам. И тука е јасно покажано дека нема поврзаност на МПР вакцината со појавата на аутизам, дури ни кај децата чии најблиски сродници заболеле од аутизам (и слични болести).

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]