Што треба да правите или да не правите кога детето има температура?

Грозницата се дефинира како телесна температура од 38 степени Целзиусови или повисока и е природен одговор на вашето бебе или дете во борбата против инфекцијата.

0
242

Лекувањето на детето со висока температура понекогаш може да биде збунувачко и стресно, особено затоа што има толку многу спротивставени совети. Грозницата се дефинира како телесна температура од 38 степени Целзиусови или повисока и е природен одговор на вашето бебе или дете во борбата против инфекцијата.

„Покрај тоа што е жешко, вашето дете може да биде поуморно од вообичаено, раздразливо и без апетит“, вели др. Сајмон Латам, општ лекар во Алтринчам и медицински службеник во Push Doctor, кој одговори на некои прашања на форумот MadeForMums.

Како да му помогнам на моето дете со треска да се чувствува подобро?

Добрата вест е дека има многу едноставни работи што можете да ги направите за да му помогнете на вашето дете кога има висока температура.

„Пиењето течности е многу важно, затоа поттикнете го да го стори тоа“, вели др. Латам. „Ако доите, задолжително нудете му ги градите почесто. Понудете му храна само ако ви изгледа дека сака“.

Вашето дете веројатно ќе спие повеќе од вообичаено, затоа проверувајте го редовно, дури и во текот на ноќта.

Што можам да направам за да ги ублажам симптомите?

Ако треската кај вашето дете се должи на вирус, тогаш лекот можеби нема да го отстрани вирусот, но ќе помогне при симптомите и ќе ја ублажи болката. Д -р Латам објаснува: “Лековите веројатно нема да му помогнат на детето со треска предизвикана од вирусна инфекција да се опорави. Меѓутоа, ако вашето дете е релативно добро и вие можете безбедно да се грижите за него дома, но тој е измачуван од треска, лековите можат да му помогнат да се чувствува поудобно“.

Дали детето треба да се соблече ако има температура?

Спротивно на популарното верување, нема смисла да се соблече детето или бебето или да му се облече дополнителна облека бидејќи, според експертите, тоа нема да влијае на лекувањето на треската.

„Треба да го облечете соодветно за надворешни услови, како и обично“, вели докторот. „Не го соблекувајте или не го облекувајте премногу бидејќи тоа ништо не помага.

Исто така, на децата апсолутно никогаш не треба да им се даваат лекови кои се наменети за возрасен. Наместо тоа, прашајте го вашиот фармацевт за лекови специјални за деца.

Што е со конвулзиите?

„Тоа се напади кои повремено се јавуваат кога има нагло зголемување на телесната температура на детето“, вели др. Латам. Тие обично се јавуваат на возраст од 6 месеци до 3 години и, иако можат да бидат многу застрашувачки, тие обично се безопасни.

Лековите што ја намалуваат температурата всушност нема да го запрат овој феномен: „Парацетамол или ибупрофен не спречуваат фебрилни напади“, вели др. Латам. „Секогаш посетете лекар ако сте загрижени.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]