Што треба да знаете пред да развие вашето дете анорексија?

Ненадејната потреба детето да започне да се храни „здраво“ може да го наговести проблемот.

0
421

ВЕНДИ Липшулц од Вашингтон, е мајка на 17-годишната Бека која во седмо одделение од основното училиште страдала од анорексија. Бека изгубила толку многу тежина што морало да биде хоспитализирана и да помине шест недели во програма за лекување на пореметувања во исхраната. Оттогаш поминале пет години, а Венди неодамна за порталот Today ја споделила семејната драма и дала совети за родителите кои се во истата ситуација.

„Анорексијата е страшно чудна болест што треба да се препознае. Кога беше дете, Бека никогаш немаше проблем со храната. Од моите три деца, таа веројатно јадеше најразновидно и беше склона да испробува нови намирници. Но, околу 12-тата година, храната и тежината станаа проблем. Поради некоја причина, таа започна да се смета себеси за дебела. Пред анорексијата, таа имаше 63 килограми, а по само неколку месеци падна на загрижувачки 45 килограми.

Периодот на соочување со болеста и лекувањето го опишува како друг свет, оној кој нема никаква врска со начинот на кој како семејство функционирале пред болеста. Денеска, после години терапија, и Венди и Бека сметаат дека се на подобро, многу поздраво место отколку што биле тогаш. Бека е матурантка и во моментов е во процес на запишување на факултет. Таа би сакала да студира театарска режија и да напише сценарио за претстава за своето пореметување во исхраната. Таа е со здрава тежина и редовно се контролира и оди на разговор кај психолог.

Венди и денес прашува дали постоел некој начин да сфати порано дека нејзината ќерка страда од анорексија. Но, има неколку работи што секако требало да ги знае.

Ненадејната потреба детето да започне да јаде „здраво“ може да го наговести проблемот.

Така започна проблемот со Бека. Еден ден, таа рече дека сака да се храни поздраво, а Венди и нејзиниот сопруг ја поддржале идејата затоа што мислеле дека нема ништо лошо во тоа. Дури кога забележале дека Бека од својата исхрана ги исфрлила пицата, компирите, рибата, пилешкото, јаглените хидрати и колачите и почнала да губи тежина, сфатиле дека нешто не е во ред.

Детето не изгледа анорексично

Ако некој тогаш ја видел Бека, последното нешто што би му паднало на памет е дека станува збор за анорексична личност. Но, иако не изгледала така, Бека облекувала широка облека затоа што се чувствувала дебела, а облеката во почетокот го прикривала нејзиното слабеење. Анорексичните луѓе никогаш не се задоволни со своето тело, па Бека ја измачувале колковите, за кои сметала дека се премногу големи.

Нема да го препознаете своето дете

Бека одеднаш станала поповлечена и поинтровертна. Иако секогаш била личност која сака да излегува и да се забавува, таа повеќе не сакала да се дружи со пријателите и избегнувала семејни активности. Таа започнала да лаже и да покажува многу манифестации на болеста кои Венди не ги препознала. Една од нив било и лажењето за консумирањето храна. Во тоа време требаше да руча во училиште, но таа секојдневно го фрлала, кажувајќи им на родителите дека е сита.

Станува збор за нарушување во исхраната, но и за проблеми со менталното здравје

Пред нејзината болест, Бека беше прекрасна, талентирана и многу паметна девојка која се занимаваше со многу работи и беше одлична ќерка. Кога ѝ ја дијагностицирале анорексијата, Венди верувала дека може да ѝ објасни колку ја сакаат и колку се гордеат со неа и дека таа сама од себе ќе почне да јаде. Она што не го знаеја е дека болеста има спротивен ефект. Колку повеќе килограми човек губи, толку повеќе почнува да се плаши од храната.

Можеби ќе ви треба шок за да сфатите што точно се случува

Кога за прв пат ја однеле Бека на лекување, и Венди и нејзиниот сопруг биле убедени дека таа ќе се излечи во болницата и дека со малку внимание, таа дијагноза постепено ќе исчезне. Реалноста била сосема поинаква. Откако ја напуштила болницата, Бека имала нормална тежина еден месец која следниот месец нагло паднала. Но, без оглед на тоа, тие се надевале дека ќе биде подобра сама од себе.

Во јуни 2015 година, лекарот на еден преглед им кажал дека мораат да ја остават Бека во болницата затоа што била премногу слаба и нејзиното срце едвај чука. Тие ја ставиле на инфузија за да добие храна, а Венди ја пробдеала ноќта во болницата и доживеала срцето на нејзината ќерка неколку пати да паѓа под 30 отчукувања во минута. Тоа бил шок кој бил потребен за да сфати колку е сериозна ситуацијата.

Ќе ве шокира колку гладот може да го уништи телото

Кога го изгладнувате вашето тело, тоа станува хиперметаболичко и едноставно полудува. Бека во текот на престојот во болница, додека примала околу 4500 калории на ден, а едвај добила еден килограм за неколку недели. Природниот инстинкт на телото во обидот да се спречи умирањето од глад е да се забават сите функции во организмот. Бека дури престана да добива менструација. Многу анорексични луѓе не добиваат доволно калциум. Овој недостаток може да предизвика непоправливо оштетување на коските и органите.

Родителите имаат голема улога во закрепнувањето

Откако била во болница, Бека не била ни близу нејзината нормална телесна тежина, па нејзините родители решиле да ја стават во програма за лица со нарушувања во исхраната.

„Во основа, го ставивме нашето тринаесетгодишно девојче во ментална институција. Тоа нè уништи“, рекла Венди, продолжувајќи да го опишува процесот низ кој поминале таа и нејзиниот сопруг. Тие се вклучиле во групата родители со исти проблеми, ја проучувале литературата и подготвиле сѐ за нејзиното излегување од болницата. Кога се вратила дома, ја набудувале 24 часа на ден и ја терале да јаде три оброци на ден. Според нејзините зборови, тоа било мачење и за Бека и целото семејство.

Едноставно мора да протуркате низ тешките моменти

Искуствата на Венди биле разновидни, од бизарни до грозни. Кога Бека штотуку се вратила дома, ѝ требале околу два часа за да изеде една тортилја. „Таа плачеше додека јадеше и се закануваше дека ќе се убие“, изјавила Венди. Кога успеале да ја натераат првпат да ги изеде сите три оброци во денот, биле убедени дека ќе се обиде да си направи нешто, такашто не ја испуштале од видот. Но, со текот на времето, сето тоа се подобрило и Бека повторно почнала нормано да јаде.

Инсистирајте на целосно закрепнување, а не на нешто во средина

Кога сфатиле со што точно си имаат работа, Венди и нејзиното семејство одлучиле да се постават цврсто и да не попуштаат во борбата за опоравувањето на Бека. Тие не се задоволиле со средни решенија, туку инсистирале на целосно закрепнување и враќање во нормалниот живот. Тоа понекогаш било чист пекол, но од денешна перспектива, Венди не жали ниту една секунда затоа што успеала да ја добие назад својата ќерка.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]