Додека сте бремени многу веројатно заспивањето на бебето го замислувате како неверојатно чувство. Замислувате дека нежно ќе го лулате бебето додека во позадината тивко ќе свират приспивни песни. Во реалноста се случува токму спротивното. Затоа не чуди тоа што некои родители во потрага по решение размислуваат за тоа да го испробаат и оној метод кој предвидува да се остави детето да се исплаче.
Станува збор за прилично контроверзен метод кој предизвикува бројни дебати. Тоа е всушност и логично затоа што е прилично неверојатно воопшто и да се помисли да се стави детето во креветче и да се дозволи да плаче додека не заспие. Тоа може да трае со часови, но неговиот автор смета дека е корисен.
Што е методот на исплакување (англ. cry it out)?
Методот го осмислил д-р Марк Вајсблут, автор на книгата Healthy Sleep Habits, Happy Child кој тврди дека со овој метод всушност се учи доенчето како да се смири и да се ослободи од негативните навики за заспивање како што е носењето во раце и нишањето. Како што објаснува, идејата е родителите да го остават бебето во креветчето и да дозволат да плаче, освен ако не е гладно, жедно или мокро.
Овој метод се разликува од Ферберовиот метод. Станува збор исто така за метод на исплакување, но разликата е во тоа што Вајсблут ги поттикнува родителите да не интервенираат, додека Фербер советува временски одредени проверки на детето. Секоја вечер е потребно да се продолжува периодот помеѓу кој го проверувате детето, додека на крајот тоа повеќе нема да мора воопшто да го правите. Според Вајсблут, со тренинзите треба да се почне на возраст од шест месеци со претходно советување за ова со педијатарот. Вели дека е потребно детето да се стави во кревет колку што е можно порано и да се поминат со него неколку минути. Потоа следува потешкиот дел, односно, напуштање на собата. Родителите не би смееле да влезат во собата во која е детето дури и ако тоа плаче. Според уверувањето на овој лекар, бебето на тој начин на крајот ќе се научи самото да заспие.
Вајсблут напоменува дека клучот за успешност е доследноста и придржувањето до правилата. Во тој случај би требало да се покажат резултати уште после четири дена.
Овој метод не е за секое дете, ниту за секој родител. Ако мислите дека секои две минути ќе го проверувате детето, колку и да сте ненаспани, тогаш е подобро да с еобидете со некои други методи за заспивање.
Фото: Pixabey