Додека трае пандемијата се случија многу промени во светот за кои претходно не ни сонувавме дека можат да се случат. Па така, додека повеќето деца ширум светот посетуваат онлајн настава, и тие, а што е уште поинтересно, и родителите, се однесуваат крајно несоодветно.
Децата седат во пижами или си јадат за време на часот, ама и родителите не се подобри. Жив пример за ова е еден татко од Орегон, САД кој, наводно, само сакал да се пошегува со својата ќерка и не знаел дека снимката ќе ја види и нејзината учителка.
Џенифер Џонс тврди дека нејзиниот сопруг Ајзак не знаел дека нивната ќерка Делејни снима домашни задачи што ќе ги види целото (прво) одделение.
„Татко ѝ мислеше дека прави туторијал, како и обично“, напишала Џонс покрај видеото што го објавила на Фејсбук, а во кое Ајзак танцува во позадината.
Покрај тоа што ги покажал своите танчерски вештини, тој ги вклучил во ова и другите две деца.
Дали имате слична приказна од вашето секојдневје?
Фото: Фејсбук