Сите нови мајки, од моментот кога ќе станат мајки, се убедени дека минуваат низ најтешкиот период од нивниот живот, особено овие модерни, па сега тоа има нови зборови од тантруми, преку развојни скокови, terrible two, tething и што уште не.
И тие живеат во тоа верување сè додека не дојде пубертетот … И кога ќе дојде пубертетот, тогаш ти се јасни зборовите на баба ти која секогаш велеше дека малите деца цицаат млеко, а големите крв, како малото дете е мала грижа, а големото голема и она најбитното „лесно е додека ти е дома и додека знаеш каде е“.
Велат дека бебето во првата година се менува и расте од ден на ден од месец во месец, но ништо не може да се спореди со таа транзиција кога вашето слатко, милозливо, пегаво дете на кое сте му биле центар на светот, преку ноќ станува влакнесто, бубуљичаво чудовиште кое ги превртува очите, така што понекогаш мислите дека ќе му се заглават таму некаде, тропа со вратата, не сака да зборува, избегнува физички контакт и на кое преку ноќ од цетар на светот сте му станале напорна.
Јас?! Напорна?! Јас, која сум најкул мајка на светот?!
Иако моето чудовиште е пубертетлија само кратко време, има неколку работи што ги научив, некои на потешкиот, а некои на полесен начин.
Сите проблеми се подеднакво важни
Имајќи предвид дека на адолесцентите, колку и да се ужасни, сепак некои работи им се малку потешки отколку нам и немаат претстава што им се случува, и во состојба се од секоја мува да направат слон. Многу е важно да не ги омаловажувате нивните проблеми и да пристапувате кон сите со иста сериозност, од единица на училиште, проблеми со пријателите до праменот коса што не изгледа како што треба.
И никогаш кога вашето дете ќе дојде со проблем наречен мојот пријател и јас сме вљубени во истата девојка, не кажувајте Bros before hoes (пријателството е поважно од врските). Не ме прашувајте од каде знам.
Прегрнувајте и бакнувајте само кога ќе добиете заверено и печатирано одобрение
Можеби до пред шест месеци вашето дете беше најслаткото суштество кое ви виси околу вратот цело време, но ако пубертетот е на повидок, можете да се збогувате со тоа. Не навалувајте, побарајте одобрување и само тогаш можете да го прегрнете. Beќе има ситуација кога детето попрво би ги прегрнало сите други луѓе, од поштарот, пекарот, човекот на каса, отколку вас, но треба стоички да го издржите тоа. Велат дека ќе помине. Фаза било.
Не го потсетувајте за туширање
Велат дека со девојчињата е поинаку, но на момчињата ќе им биде тешко да се истушираат се додека не се појават во приказната девојките, тогаш не можете да ги извадите од када и ќе живеете засекогаш во страв дека ќе им се излупи кожата што ја имаат.
НЕ поставувајте прашања за девојчиња/момчиња
Пред некој ден броев точно колку луѓе се присутни во животот на мојот син кои не го прашуваат „дали имаш девојка“ секогаш кога ќе го видат. Толку многу што сите се бројат на прстите на едната рака. Нивото на црвенило што се собира во образите по тоа прашање ги надминува сите нивоа на црвенило досега. Ние, возрасните, треба да престанеме да бидеме глупави и да престанеме да им го отежнуваме на децата тој период од животот. Зборувајте на оваа тема колку што можете повеќе, не притискајте и бидете многу внимателни. Истата работа е со сексуалноста. Колку и да ви е вам непријатно, ним им е уште понепријатно.
Поминувајте време заедно
Последната година откако сум мајка на пубертетлија, гледав повеќе филмови од Марвел отколку во целиот мој живот, ги научив сите песни на Imagine Dragons, научив што е Fortnite, која е разликата помеѓу PUBG и RPG видео игрите, … Колку што е важно во периодот кога се мали да ги оставите да играат сами, толку е важно во овој период да правите нешто заедно. Откријте што сака вашето дете, во што ужива и не осудувајте.
Сетете се на вашиот пубертет
Само запомнете колку бевте збунети во тој период и колку ви беше тешко и затоа не бидете кретен, туку помагајте, сакајте и имајте разбирање. И колку и да ви е тешко да го прифатите фактот дека повеќе не сте потребни како порано, оставете ги да си одат. Повремено може да врескате во перницата. И напијте се нешто.
Единствената утеха е што ќе помине, се надевам.
Текстот е од ТУКА.
Фото: Pexels