Деновиве наидов на еден текст во кој прочитав како извесна блогерка Ејвери Ведерфорд ги доживувала изразите на сочувство по смртта на нејзиниот татко. Ѝ пристигале разни изрази на сочувство, од смешни до навредливи, па таа одлучила да состави список со фрази што никогаш не треба да му ги кажувате на лице кое изгубило некој близок. Јас би додала барем уште една и почнувам токму со неа: „Колку години имаше мајка ти/татко ти?“
Мислите дека е тоа важно? Не, дури ќе направите таа личност да се чувствува уште полошо затоа што се осмелила толку да тагува по некој кој според некои општи критериуми, убаво си проживеало, а нели, умираат толку млади луѓе.
Да, сите сме свесни дека е возраста важна и самите тие кои изгубиле некој на поодмината возраст, се тешат со истото, но кога станува збор за болката за родител, ова прашање е сосема ирелевантно. Исто како и констатациите дека животот продолжува… Да, знаеме дека продолжува, ама тоа сознание не може да ве спречи да тагувате.
„Дали бевте блиски?
Што можете да одговорите на ова прашање? Или ќе кажете „да“, па тоа е многу тажно, или „не“ што може да биде уште потажно и поболно. Тагата носи со себе многу сложени чувства.
Ако вашиот пријател имал малку контакти со таткото или мајката што ги изгубил, тоа може само да ја влоши неговата болка.
Не е важно дали разговарал со таа личност секој ден или еднаш годишно, главно е да го поддржите, сè друго е помалку важно.
„Сè се случува со причина“
По смртта на татко ми, еден нејзин пријател направил фотографија на која пишувало „Сè се случува со причина“ и ја објавил на нејзиниот Фејсбук профил.
Тој веројатно сакал да ја инспирира, но таа веднаш го избришала од листата на своите пријатели.
„Тешко дека смртта на татко ми“, вели таа, била за некоја повисока цел, па дури и ако нешто добро резултира од разни трагични настани, тие не смеат да се мешаат со позитивните работи што ги „условиле“.
„Добро се држиш“
Можеби вашиот пријател изгледа добро, но вие не знаете што се случува во неговото срце, душа… Без разлика дали некое лице е добро или дали изгледа добро на погребот на блиска личност, едноставно нема потреба да коментирате.
„Бог секогаш ни испраќа онолку колку што можеме да издржиме“
Уште една неточна и крајно бескорисна изјава. Многу луѓе доживуваат далеку потешки ситуации отколку што можат да поднесат.
Ние не сме создадени за да ги тестираме границите на болката. Ако видиме дека некој пријател страда поради смртта на некој близок, утеха е само да му подадеме рака – зборови не се потребни.
„Ако ти треба нешто – побарај ме“
Тешко е да побарате помош. Ако можете, помогнете веднш, не чекајте некој да ве побара и да ве замоли.
Се прашувате, што можете тогаш да направите за некој чиј татко или мајка починале?
Можете да го посетите и да му донесете топол чај, супа, шал, книга, списанија
Можете да го гушнете цврсто и да молчите.
Може да донесете кутија чоколади и разгледница со потпис од сите колеги од компанијата кои го охрабруваат да истрае и покрај тагата.
Болката не умира по еден месец, по една година… Болката како резултат на загуба на родител останува засекогаш, но наместо да му солите некому памет и да му раскажувате дека ќе биде подобро, дека времето ќе излечи и дека ќе ви помогне да се намали болката, како и дека е очигледно дека кај вас таа нема толку брзо да помине, направете само некој убав гест кој може да направи таа личност да се чувствува попријатно.