Во светот полн со десничари, левораките луѓе уште се реткост. Има многу митови и приказни за нив. Некои велат дека се уметнички поталентирани од деснаците, а некои дека научиле да се снаоѓаат.
Во светот има само десет проценти леваци и ако меѓу нив е вашето дете или некој близок, еве што треба да знаете.
1. Левораките луѓе се подобри во спортот
Во своите книги, лингвистот Рик Смитс презентира податоци за левораките луѓе кога станува збор за спортски активности. Спортистите често вежбаат против играчи деснаци, а левораките играчи можат да ја прилагодат играта на двата начини. Тоа е доста тешко за деснаците, објаснува Смитс.
2. Левораките луѓе обично имаат повисок коефициент на интелигенција
Истражувачите од Универзитетот Сент Лавренс во Њујорк открил дека има повеќе леваци со коефициент на интелигенција поголем од 140. Левораки луѓе биле Алберт Ајнштајн, Исак Њутн и Чарлс Дарвин.
3. Левораките луѓе можат да бидат подобри возачи отколку деснаците
Истражувањето на автошколите од Велика Британија покажало дека 57 проценти од идните левораки возачи го положиле возачкиот испит од првпат наспроти 47 проценти од деснаците.
Пишувањето со лева рака порано се сметаше за еден вид „грешка“ во развојот и сите знаеме некој што бил принудуван да пишува со десната рака, иако природно е левучар. Оваа заблуда е еден од најдобрите докази дека во многу работи треба да се оддалечиме од нашите родители и баби и дедовци и да прифатиме дека тие навистина не го знаат најдоброто. Иако сигурно го сакале тоа.
Фото: Pexels