Што мислите за доење до осмата година?

Лаура Исенхарт на своите синови Џоел (5) и Бенет (2) има дава неколку цврсти оброци на ден, но и ги дои до три пати на ден. Иако поради тоа се соочила со бројни критики од пријатели и странци, таа има намера да го прави ова сè додека не наполнат осум години.

0
420

„Тоа има огромни придобивки за имунитетот. Џоел и Бенет никогаш немале грип, инфекции на ушите и никогаш не користеле лекови. Луѓето не разбираат колку витамини и хранливи материи има во мајчиното млеко. Мислам дека ќе престанам да ги дојам кога ќе наполнат осум години. Но, ако тие не се подготвени да престанат дури и тогаш, јас нема да им кажам не. Нема да се разбудам еден ден и да кажам дека ми е доста. Кога тие ќе бидат подготвени да престанат, ќе го направиме тоа “, вели Лаура.

Таа го родила постариот син во мај 2015 година. Лекарите ја советувале да престане да го дои кога момчето наполни шест месеци, но таа одлучи да не го прави тоа.

Мајка ми не доеше мене и моите четворица браќа до четвртата и петата година. Почнав да му давам цврста храна, но истовремено и го доев до шест пати на ден“, вели таа.

Никогаш немала проблем со количината на млекото, ниту со доењето во јавност.

Поради сето тоа, нејзините пријатели ја критикуваат.

„Кога Џоел имаше две години, некои од нив ми рекоа дека не сметаат дека е нормално тоа што сѐ уште го дојам. Други ме прашуваа дали не сметам дека е премногу стар за тоа. За среќа, мојот сопруг и остатокот од семејството се согласија со мојот избор“, додава таа.

Во ноември 2017 година, го родила својот втор син. Таа вели дека не можела да го одбие постариот и да го дои помладиот.

„Во тој момент, јас не сакав едното дете да се чувствува занемарено или да биде љубоморно. Почнав да ги дојам во тандем“.

Нејзините синови јадат појадок, ручек и вечера, како и меѓуоброци, но преку ден таа ги дои и три пати. Иако смета дека понекогаш е стигматизирана поради тоа, се надева дека во иднина ваквиот избор повеќе нема да предизвикува гадење.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]