„Јас ниту ова не би ви го дала вам. Да се плука по храна, каков клошар. Прво, ова го јадев и јас пред 25години за појадок во основно. Што им фали на лепчето и кашкавалот? Ементалерот има малку поспецифичен мирис. Овој кашкавал не изгледа воопшто како да е расипан. А хартијата е розева хартија за раце, а не тоалетна. Што му давате вие на детето за појадок? Кавијар и јагнештко или? Со чаша топол чај или млеко за мене е ова добар оброк за појадок“, му одговорила една жена.
„Каде е проблемот??? Тоа ни го даваа и нам во училиште пред 25 години. Идентично. Подобро е и тоа отколку да им даваат некое генеричко ѓубре. И океј е што е тоа завиткано во хартија. Подобро хартија отколку пластика“, коментирала друга.
„Нормален училишен појадок! Се некои фини муцки, дома се јадат златни ливчиња на лешо. Еве на мојата ќерка тоа толку ѝ се допадна што и дома ни бара да го јаде истото. На кого не му одговара училишната храна нека му даде на детето јадење од дома. Никој не те тера да го плаќаш тоа“, вели друг татко.
„Секогаш постои избор, смпреми му на детето ужинка од дома ако не си задоволен. Училишните оброци (ужина + ручек) чинат 250 куни месечно (околу 35 евра), што изнесува 12.50 куни дневно за 2 оброци, па не можеш да очекуваш чуда. 99 отсто од децата повеќе би сакале да го изедат овој ‘расипан’ сендвич отколку да им сервираат овесни снегулки во бадемово млеко“, пишува трета жена.
„Станете свесни дека поголемиот дел од народот во Хрватска нема пари да му даде на своето дете ниту за ова. Свртете се малку околу себе“, вели четврта жена.
Но има и такви кои не се согласуваат дека ова јадење е соодветно за децата од училишна возраст, иако тие биле помалубројни.
„Гледам дека овде никој не гледа ништо спорно. А и во секој поглед…Па вие дефинитивно не заслужувате подобро, но децата заслужуваат“. „Без оглед дали е кашкавалот расипан или не, ЗАРЕМ Е ТОА ОБРОК ЗА ДЕЦА? Земичка и парче кашкавал“, се дел од нивните ставови.
Што мислите вие за овој училишен оброк, дали е тој соодветен за децата?
Фото: Фејсбук