Што е хипно породување?

Според медиумите, Кејт Мидлтон издржала пет часа породување без средства за ублажување на болките, токму благдарение на оваа техника на породување наречена хипно породување чија цел е да се отстрани стравот поврзан со раѓањето

0
3418

Кејт Мидлтон минатата недела го донесе на свет своето трето дете во болницата Сент Мери во Лондон, употребувајќи ја техниката на хипно породување, наведуваат медиумите.

Според нив, Мидлтон издржала породување од пет часа без средства за ублажување на болките.

Порталот Hypnobirthing.com пишува дека хипно породувањето е вид на терапија која дава искуство на природно породување со помалку болка. Терапијата вклучува посебни техники на дишење, опуштање, визуелизација, медитација и начин на исхрана. Методот може да се вежба и дома.

Целта на овој вид на породување е да го елиминира стравот поврзан со раѓањето. Стручњаците веруваат декиа стравот ги активира хормоните на стрес, што предизвикува забавување на целиот систем на варење и забрзување на отчукувањата на срцето.

На многу курсеви кои постојат таму, родителите можат да научат автохипноза со отворени очи. Исто така, инструкторите ги поттикнуваат да визуелизираат лесно породување и да си повторуваат: „Јас се опушта, и моето бебе се опушта“.

Наместо негативни зборови и изрази како „болка“ или „контракции“, пациентите се поттикнуваат да користат попозитивни изрази како „чувство“ или „притисок“.

Во едно истражување од 2006.година се наведува дека жените кои ја користат оваа техника употребуваат лекови против болка во 50 отсто помалку случаи од останатите жени. Родилките кои користат хипно породување исто така многу поретко бараат епидурална анестезија.

Наводно, звездите како Анџелина Џоли и Џесика Алба исто така го испробале хипно породувањето.

„Не станува збор за тоа некој да ви мафта со часовник пред лицето, а вие потоа да се разбудите и да видите дека имате дете“, се пошегувала Алба во емисијата на Елен ДеЏенерис. „Мојот соппруг ме води низ еден вид на медитација. Тој ми кажува дека сум опуштена и дека лебдам над облаци, додека минувам низ процесот на породувањето. Јас само се концентрирам на дишење и на опуштање. Кога сте напнати, целото породување станува сѐ полошо и поболно“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]