Кога се работи за дете со тврда столица треба да се знае дали е ова инцидентна работа или трае подолго време. Ако е инцидентна состојба, мала корекција во исхраната ќе го реши проблемот. Тогаш се даваат повеќе течности, пред сѐ, вода, потечни зготвени оброци, богати со целулоза. Се советува неколку дена да се намали внесување на продукти кои се абсорбенти како компир, ориз, банана и морков, итн.
Ако проблемот со тврдата столица е подолготраен тогаш ги советувам да дојдат за преглед за да се утврди што е причината, како и да продискутираме за начините за корекција на хроничната констипација.
Фото: Pixabey