Што „гуглаат“ трудниците ширум светот?

Сите мислиме дека сите трудници на светот се исти, дека имаат исти стравови, желби, недоумици. Дознајте кои се клучните зборови кои трудниците ширум светот најчесто ги пишуваат во својот Гугл пребарувач.

0
197

На сајтот Sheknows објавена е статистика која покажува што гуглаат најмногу трудниците од различни делови на светот. Според неа, би рекле дека не се баш сите исти.

Во Соединетите Американски Држави

Според податоците на Гугл може да се каже дека бремените жени во Америка кога станува збор за бременоста се најмногу загрижени за тоа што треба да јадат, да пијат и што не смеат да  користат за време на бременоста. Најчестите прашања кои бремените жени во САД ги поставуваат на Гугл се:

  • Може ли да јадам ракчиња?
  • Може ли да пијам вино?
  • Можам ли да пијам кафе?
  • Можам ли да користам Tylenol? (лек против болки, нешто како андол)

Интересно е да се каже дека жените од другите говорни подрачја кои живеат во Америка, исто така, ги прифатиле нивните животни навики, па Гугл им одговара на многу „американски“ прашања на различни светски јазици.

Во Индија

Кога станува збор за Индија, резултатите се повеќе од изненадувачки. Имено, најчесто поставуваното прашање до Гугл од овој дел на светот е „Како да го дојам својот сопруг?“ Судејќи по сѐ, мажите во Индија активно учествуваат во лактацијата за разлика од мажите во останатите делови од светот.

Од друга страна, индиските жени, не се грижат премногу за стриите и за храната што можат да ја јадат; нив малку повеќе ги интересира како да се наспијат и дали можат нормално да имаат сексуални односи.

Во Мексико

Според податоците, изгледа дека во Мексико за бременоста повеќе „гуглаат“ загрижените татковци кои ги интересира како да им бидат поддршка на жените во текот на бременоста, а најчесто се бараат и љубовните зборови и посебни песни за бременост.

Кога станува збор за бремените жени во Мексико, и тие најмногу се грижат за изгледот, а петтиот најчесто пребаруван термин од страна на трудниците е „Може ли да носам потпетици за време на бременоста“?

Што им е заедничко на сите трудници?

Иако жените ширум светот се различни на многу начини (во Австралија, тие се грижат дали можат да јадат сирење, Британките се загрижени за консумацијата на вино, додека во Нигерија се прашуваат дали можат да пијат ладна вода), истражувањето покажало дека постојат многу заеднички точки кои ги поврзуваат трудниците ширум светот.

Она што ги  интересира сите бремени жени без оглед на кој континент живеат се мачнината, киселините, запекот, а петте најчести желби кога станува збор за храна, верувале или не, се стереотипи како слатки, луто, зачинето, солено, сладолед и чоколадо.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]