Што ги мачи најмногу децата?

„Сите луѓе некогаш биле деца, но само малкумина се сеќваат на тоа“, е цитат од познатото дело „Малиот принц“ кој прилично добро објаснува зошто на родителите им е понекогаш тешко да го сфатат своето дете.

0
319

Многумина ќе се согласат дека најубавиот период од животот е детството. Иако се децата навидум безгрижни и уживаат постојат многу работи кои ги измачуваат. Сетете се на самата себе кога сте биле дете, сигурно ве измачувале многу нешта.

Да се биде дете е секако голем предизвик, без оглед на околината, полот, карактерот на родителите и останатите карактеристики. Од таа причина направивме листа од најчестите предизвици со кои се среќаваат децата за да можете да ги разберете.

Недостаток од искуство

Кога ќе им се случи нешто лошо или грдо, децата веруваат дека е тоа најлошата работа која можела да им се случи. Причина за ова е тоа што немаат доволно искуство за да гледаат објективно на светот па не ги сфаќаат разликите помеѓу вистинскиот проблем, како што е на пример, сериозна болест, и привремените потешкотии, на пример, кога поради настинка не можат да одат на роденден.

Недостаток од знаење

Често се случува децата да не знаат да управуваат со сопствените емоции, па така не знаат ниту какви последици може да има некоја нивна реакција. Кога некој ќе ги налути, некои деца реагираат со агресија затоа што не се свесни дека тоа може да има далекусежни последици.

Неможност за избор

Една од задачите на родителите е да ги усмеруваат своите деца да го прават она што мислат дека е најдобро за нив. Но, она што децата не го сфаќаат е тоа што не можат сами да носат клучни одлуки, како што е изборот на школо. Уште полошо, децата мислат дека воопшто немаат право на глас затоа што родителите не им дозволуваат самите да одредуваат дали да пишуваат домашно или да играат видео игрички.

Погрешна перцепција

Децата неретко успеваат да поврзат навидум неспоиви работи и преку нив создаваат слика за светот. Тоа е една од причините зошто не го сфаќаат животот на начин на кој го сфаќаат возрасните.

Пред осмата година од животот децата имаат исклучително богата фантазија поради што нивниот мозок неретко не можат да ја разликуваат реалноста од имагинацијата. На пример, многу од нив мислат дека можат да летаат како нивните супер јунаци па скокаат од повисоки површини.

Детството е во голема мера неверојатно прекрасен период од животот, додека пак од друга страна, може да биде исклучително фрустрирачко кога е потребно прилагодување на павилата на родителите и другите авторитети. Секако, родителите, учителите и возрасните лица генерално, најдобро знаат, додека децата тоа едноставно не го сфаќаат.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]