На многу родители им е сосема природно на своето девојче додека е уште бебе да му ги дупнат ушите и да му стават обетки. Меѓутоа, постојат и големи противници на ова кои предупредуваат на разни опасности, а некои одат толку далеку што велат и дека е тоа „намерно нанесување на телесни повреди“.
Во некои држави во ЕУ, на пример, во Германија, педијатрите јасно се изјасниле против дупење на ушите на бебињата и малите деца. Имено, толку мао дете не може да даде соглласност – па дупењето на ушите се смета за нанесување на телесна повреда.
Имало дури и случаи кои завршиле на суд – едно тату студио од Келн морало на едно тригодишно девојче да му исплати 70 евра „за претрпена болка“ – затоа што постапката на дупење била „болна и трауматична“.
Генерално, педијатрите предупредуваат дека постои опасност од инфекција.
Раничката која настанува е „влез“ за бактериите кои можат да предизвикаат воспаленија – и тоа откако раната веќе ќе зацели.
Освен тоа, постои реална опасност децата додека си играат да се повредат.
Заради тоа педијатрите препорачуваат децата да носат обетки од 12 години па нагоре.
Секако, сите кои се занимаваат со дупење на ушите и со продажба на обетки тврдат дека таа препорака е глупост. Трети пак тврдат дека е доволно само детето само да побара да му ги дупнат ушите…