Што би направиле ако некој одбие да ви го отстапи своето место во автобус, а вие сте бремени?

Да им се отстапи местото во јавен превоз на трудниците, на повозрасни лица и на родители со мали деца е едно од правилата на пристојно однесување. Раскажете го вашето искуство...

0
238

Иако постојат некои непишани правила на пристојно однесување, како што е тоа дека никој не би смеел да дозволи во автобус да стои жена во поодмината бременост, повозрасни лица или родители со мали деца, не значи дека се сите доволно пристојни за да ги почитуваат.

Токму ова го докажал еден маж кој одбил да ја помести својата чанта од седиштето во автобус на јавниот превоз во Лондон, иако Австралијката Бирди Ли Кенеди која се возела во истиот била во поодмината бременост, поточно, во осмиот месец од бременоста.

„Конечно се случи во осмиот месец од бременоста. Тукушто седнав на раката на еден маж и на неговата торба бидејќи тој одби да ја помрдне од последното слободно седиште во автобусот. Сега се возиме во тишина“, напишала таа на Твитер и предизвикала воодушевување кај бројните корисници на оваа социјална мрежа.

Оваа нејзина објава предизвикала разбирање кај многу мајки и трудници кои ги прераскажале своите искуства:

„Му реков на човекот дека сум бремена осум месеци и дека ќе родам на неговте стапала доколку не ми го отстапи местото во автобусот. Стана. Браво што си го сторила тоа“.

„Кога бев бремена четири месеци замолив еден маж да седнам затоа што чувствував мачнина. Ми одговори дека сме барале рамноправност, па тоа значи дека сега можеме да стоиме. Повратив врз него, неговиот весник и чантата од лаптопот. Ми годеше погледот на неговото шокирано лице“.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]