Што бараат жените од мажите?

Иако често се мисли дека привлечниот физички изглед и финансиската сигурност се пресудни, новото истражување покажало дека овие особини се помалку важни. Што е пресудно за вас?

0
163

Според истражувањето на Clue, MyONE и професорката Тања Герлах од Универзитетот во Гетинген, Германија, особината која најмногу ги привлекува жените не е ниту изгледот, смисолот за хумор или харизматичноста, туку љубезноста.

Помеѓу најважните квалитети биле и интелигенцијата, образованието, самодовербата и поддршката, но ништо од ова не било приоритет за повеќето жени.

Во истражувањето биле вклучени 68 илјади луѓе со различна сексуална ориентација во 180 студии за да се открие што е најважно во потенцијалниот партнер.

Во различни делови од светот и кај луѓе со сосема спротивни опкружувања, постоел еден заеднички квалитет, а тоа е токму љубезноста, односно, нежноста.

„Љубезноста е како гравитација – клучна е, но не ја забележуваме толку додека не исчезне“, рекла д-р Вирџиниа Витцхум, директорката на Clue.

„Со оглед на тоа што денека секогаш се истакнуваат изгледот и богатството, може да звучи необично дека љубезноста е најпосакувана особина. Меѓутоа, таа е најважна за формирање на долгорочни социјални врски“, додала таа.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]