Многу двојки мислат дека родителството ќе им оди од рака само затоа што се сакаат еден со друг и уживаат во заеднички поминатото време. Но, несогласувањето околу воспитувањето на децата е многу чест проблем кај двојките. Ви нудиме неколку совети како да го решите ова.
Исто како и финансиите и сексуалниот живот, и воспитните методи многу често можат да бидат камен на сопнување помеѓу сопружниците. Дискусиите обично се појавуваат затоа што сите сакаме да им ги пренесеме на нашите деца личните искуства и вредности кои и самите сме ги стекнале како деца. Погледот на социјалните норми и вредносни системи варира од личност до личност и затоа често се јавуваат конфликти помеѓу партнерите.
Околу што најчесто не се согласуваат родителите?
Експертите обично ги делат судирите на сопружниците околу воспитувањето во две групи:
Казните – Брачните другари обично имаат различни гледишта за казната. Додека едниот родител сака да го користи како казна, стоењето во ќоше, друг обично се заложува за физичко казнување.
Детски обврски и одговорности – во овој случај, родителите обично се водат од нивните лични искуства и од тоа што тие требало да прават кога биле деца. Додека едниот родител обично смета дека единствената обврска на детето треба да биде училиштето, другиот смета дека треба да биде вклучено и во извршувањето на домашните работи.
Направете обединет фронт
Многу е важно вашиот партнер и вие да претставувате една страна пред детето а несогласувањата да ги решавате насамо. Еве неколку совети како да го направите ова:
- Не го користете терминот „затоа што јас така велам“ ниту како едукативен метод ниту во дискусијата со партнерот. Обидете се да ги објасните сите свои размислувања и убедувања кои стојат зад вашите наставни методи и зошто сметате дека ова е поисправниот начин.
- Не решавајте проблеми додека сте лути, затоа што во тој случај сигурно нема да го пронајдете вистинското решение. Почекајте 20 минути за двајцата да се смират, да се оладите, а потоа обидете се да разговарате.
- Наместо да расправате за секоја одлука поврзана со детето, поделете ги одговорностите. Мајката нека биде задолжена за училишните обврски, а таткото за оние вонучилишните и домашните.
- Не дозволувајте вашето дете да го искористува вашето несогласување околу одделни мали нешта а ова сигурно ќе се случува сѐ повеќе како што ќе расте детето. Многу е важно да му дадете на детето на знаење дека сте обединети.
- Многу е важно никогаш да не разговарате за воспитните методи пред вашето дете, колку и да сте вознемирени. Земете длабок здив, избројте до десет и зачувајте ја дискусијата за подоцна.
- Ако сте ги пробале сите методи, но сè уште не можете да најдете заеднички јазик, најдобро е да се консултирате со професионалец кој ќе ви даде јасни насоки за тоа што да направите, бидејќи кога станува збор за воспитувањето на децата, многу е важно мајката и таткото да бидат на истата странa.
Фото: Pixabey