Што ако децата без училиште – станат подобри?

Што ќе се случи ако се откаже остатокот од учебната година…Учениците ќе пропуштат 2,5 месеци настава.Многумина се грижат поради ова.

0
262

Што ќе се случи ако продолжи состојбата со пандемијата на коронавирусот и ако децата не можат да одат на училиште до крајот на учебната година?

Да, децата можат да заостанат во поглед на училишниот материјал…

Но што ако …

Што ако наместо да заостанат, оваа група деца напредуваат поради тоа?

Што ако тие развијат поголема емпатија, ако ја засакаат семејната поврзаност, ако станат покреативни и позабавни, ако го засакаат читањето, ако го засакаат писменото изражување.

Што ако научат да уживаат во едноставни работи, како што е сопствениот двор или само седењето покрај прозорец.

Што ако ги забележат птиците и деновите кога расцветуваат различни цветови?

Што ако оваа генерација научи да готви, да го организира својот простор, да си ја пере облеката, да научи да штеди и да живее со помалку?

И ако научат да го планираат купувањето намирници и приготвувањето на оброци дома?

И што ако ја научат вредноста на заедникиот семеен оброк и секојдневните мали уживања?

Што ако тие станат оние кои ги почитуваат нашите учители и просветни работници, јавните службеници и помошни работници … претходно невидливи како возачите на камино, трговците со прехранбени производи, касиерите, логистичките и здравствените работници и помошниот персонал, само да наброиме некои од оние кои моментално се грижат за нас додека сме  ние во нашите домови?

Што ако меѓу овие деца се појави добар водач кој имал полза од побавното темпо и поедноставниот живот за да научи што е навистина важно во овој живот?

Што ако тие подобро сфатат дека е природата помоќна од нас и дека треба да ја почитуваме, да ја негуваме и да се грижиме за Мајката Земја.

За ова време обработувајте ги градините за да ја видат вашите деца важноста на најмалото семе.

Што ако тие станат подобри?

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]