Школувањето стана површно, а најзагрозени се адолесцентите

Детските психолози предупредуваат за проблемите и ситуациите со кои се соочуваат учениците во нвиот модел на онлајн настава поради епидемијата на ковид 19. Станува збор за последици во растењето на генерациите, на кои короната во голема мера им ја стесни можноста за социјализација и идентификација со врсниците и им ја укина најважната ученичка институција – големиот одмор.

0
93

Новиот модел на „учење на далечина“, поради епидемијата на ковид 19, целосно ги исфрли децата од вообичаениот распоред.

За многумина беше тешко, особено за оние кои имаат тешкотии во учењето или пречки во развојот. За нив, промените го нарушија процесот на учење. Постарите ученици од основните училишта имаа проблеми со вниманието во следењето на часовите.

Детските психолози предупредуваат за овие проблеми и ситуации со кои се соочуваат учениците. Станува збор за последици во растењето на генерациите, на кои короната во голема мера им ја стесни можноста за социјализација и идентификација со врсниците и им ја укина најважната ученичка институција – големиот одмор.

Најисплашени се осмоодделенците, но и родителите!

И родителите, исто како и нивните деца, се збунети заради целата ситуација и нејасната иднина. Сè е површно, од училиштето до пријателствата и односите.

Комуникацијата е пренесена на социјалните мрежи, што доведе до тоа децата и адолесцентите да станат површни, бидејќи тие немаат можност да доживеат нови искуства заедно. Учењето „преку Интернет“ ги сврте уште повеќе кон телефоните и компјутерите. Времето што го поминуваат пред мониторите се мери со двоцифрен број.

Добивме и нов модел на следење на наставата: од една страна, тие се „онлајн“ и го следат часот, а во исто време играат и игра на интернет. Недостатокот на комуникација во живо и директен разговор со наставникот го намалува нивото на интерес и нивото на пренесено знаење. Присуството на короната и грижата за сопственото и за здравјето на родителите кај одреден број деца ги зголемија стравовите. Во некои работи тие назадуваат и повторно се приврзуваат на своите родители, а осамостојувањето престана. Нештата што биле развојно завршени се повторно активирани: вознемиреност од одвојување, т.е. страв од разделба, страв од смрт, ноќни стравови, страв од неуспех … Постои апатија, безволност, недостаток на мотивација, па дури и депресија. Сепак, најголем проблем е неефикасноста во училиштето, што значително ја нарушува самодовербата на децата во различни области.

Како реагираат адолесцентите, особено оние кои штотуку се запишаа во средно училиште?

Слободата на адолесцентите да градат нови односи, пријателства, емотивни врски е загрозена. Целата генерација е на некој „режим на подготвеност“, само чекаат да помине. Нивните природни импулси се негираат и тоа создава незадоволство што се манифестира на различни начини: со повлекување, несигурност, високо развиена вознемиреност или бунт и неприфаќање на правилата.

Тоа е најлошо за тинејџерите, наставниците им испраќаат збунувачки пораки и ја нарушуваат нивната доверба во возрасните!

Тие се изложени на различни толкувања на она што се случува, од теории на заговор, преку движења против вакцинација, до улично насилство низ целиот свет. Дури и на училиште, еден професор застапува еден, а друг има сосема спротивен став. Тие добиваат двојни и збунувачки пораки, што ја нарушува нивната доверба во возрасните.

Ќе станат ли децата уште поотуѓени?

Според психолозите, употребата на компјутери и паметни телефони во време на социјално исклучување има и добра страна. Замислете да го немаа ниту тоа, воопшто немаше да има комуникација! Ова сепак направи некои „мостови“, но од друга страна создаде и нови навики, кои нема да биде лесно да се променат.

Дали децата ќе се вратат на улиците и парковите зависи од тоа како се приспособуваат возрасните!

Сепак, ова нема да се претвори во нова нормалност. Трендот ќе остане, но тие сепак почувствувале што значи да се биде во училиште, со пријатели, да се комуницира, да се оди редовно на тренинзи … На повеќето им недостасува тоа. Природната потреба за игра и дружење нема да се промени. А, како понатаму ќе се развиваат работите, ќе зависи првенствено од тоа како ќе се приспособат возрасните и дали ќе најдат начин да ги поддржат во враќањето на нормалните активности.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]