Шест намирници за баланс на естрогенот

Естрогенот е женски хормон кој игра важна улога во репродуктивната функција на жената, влијае на менопаузата, штити од кардиоваскуларни заболувања и го стимулира производството на колаген. Со здрава и избалансирана исхрана, можеме да влијаеме на нивото на естроген во организмот.

0
197

Одржувањето на оптимални нивоа на естроген во телото е од суштинско значење за здраво тело и ум. Естрогенот е женски хормон кој игра важна улога во репродуктивната функција на жената, влијае на менопаузата, штити од кардиоваскуларни заболувања и го стимулира производството на колаген.

Со здрава и урамнотежена исхрана, можеме да влијаеме на естрогенот. Затоа, ако сакате да го регулирате нивото на естроген во организмот, јадете ги овие 6 намирници секој ден.

1. Авокадо

Авокадото е познато низ целиот свет како супер намирница. Содржи многу витамини (Б5, Б6, Е, К, Ц) и цинк. Јадете половина авокадо на ден за да ја направите кожата поблескава.

2. Зелен зеленчук

Зелениот зеленчук како брокула и спанаќ е вистинска ризница на здравјето што ги балансира хормоните. Богато е со антиоксиданти, железо, калиум и цинк.

3. Ореви

Оревите, како и бадемите и лешниците се богати со омега 3 масни киселини, антиоксиданти и протеини. Тие го регулираат нивото на естроген во организмот и треба да се јадат секој ден. Имаат корисен ефект врз промените на расположението предизвикани од хормонална нерамнотежа.

4. Јајца

Јадете до 2 јајца на ден. Оваа супер намирница ќе ви помогне да имате поубава кожа и избалансирани хормони.

5. Пролетен зеленчук

Овој зеленчук вклучува артичоки, аспарагус и коморач. Одлични се за имунитет и треба да се јадат што е можно почесто.

6. Овошје

Списокот би бил нецелосен без овошје богато со витамин Ц, особено домати.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]