Минди и Кејси Хамферис не уживале долго во среќата бидејќи нивниот мал син Рич го срушил светскиот рекорд. Тие го ставиле бебето на скии на вода и го пуштиле да го премине езерото Пауел во Јута.
Родителите се пофалиле со достигнувањето на нивниот син на социјалните мрежи, но нивната гордост брзо исчезнала. Имено, видеото на кое бебето стои на скии и скија на вода на возраст од само шест месеци и четири дена вознемирило поголем дел од јавноста.
„Се надевам дека пет минути слава вредат затоа што можеби го загрозивте вашето дете за цел живот“, „Неговите зглобови сè уште не се целосно развиени, па тој дури и не оди. Дали мислите дека ваквиот стрес е добар за неговото тело? Дали размисливте за давење? Вие сте ужасни родители“, „Страшно глупаво! Ова се случува кога родителите се желни за внимание“, се некои од вознемирувачките коментари на луѓето кои ја предупредиле двојката дека момчето старо пола година сè уште не е подготвено за такви акробации.
Рекордот за најмлада личност што некогаш скијала на вода претходно го држела Зила Сент Онге, која скијала на Сребреното езеро во Флорида, на шест месеци и 27 дена. Девојчето тогаш било 23 дена постаро од Рич.
Фото: Инстаграм