Шестгодишниот Пикасо слика од 4 години, а сликите ги продава и по 2 илјади евра

„Пикасо од градинка“, како што го викаат во Келн кадешто живее семејството, веќе имал неколку изложби, а една од најуспешните била таа во Хамбург. Таму, за само саат ипол биле продадени дури 10 од 17 негови слики, и тоа по цена од 790 до 2130 евра.

0
315

Родителите на шестгодишниот Микаил Акара сосема случајно го откриле неговиот талент. За четвртиот роденден му подариле сликарско платно и бои за сликање со прсти, а не ни сонувале што ќе се случи во следните две години.

Кога неговиот татко Керем првпат го видел тоа што го насликал Микаил, помислил дека тоа го нацртала неговата мајка. Но и таа била изненадена, но и воодушевена од неговиот талент.

Гордиот татко одлучил да ја стави фотографијата на таа слика на Фејсбук, а освен бројни пофалби и воодушевени коментари, набрзо стасала и понуда од потенцијален купувач.

Потоа сѐ се сменило. „Пикасо од градинка“, како што го викаат во Келн кадешто живее семејството, веќе имал неколку изложби, а една од најуспешните била таа во Хамбург. Таму, за само саат ипол биле продадени дури 10 од 17 негови слики, и тоа по цена од 790 до 2130 евра.

„Повеќето се воодушевуваат од неговото исклучително чувство за бои“, изјавиле неговите родители кои пред една година, за петиот роденден, одлучиле да му направат ателје во подрумот од семејната куќа.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]