Чудни родителски трендови: Не ги галете, ама ставете ги во кафез

Дали некогаш сте се запрашале како изгледало родителството некогаш и во другите земји?

0
451

Изгледа дека денеска секој има своја визија за родителството и за тоа како треба да изгледа. Сите барем еднаш сме чуле некој крајно чуден или во најмала рака необичен совет, но дали некогаш сте се запрашале како изгледало родителството некогаш и во другите земји?

Најдoвме неколку необични примери од минатото кои ќе ве изненадат, а некои од нив веројатно денеска би биле осудувани од страна на јавноста, можеби и казнувани.

Без галење!

Денеска сите се трудиме да размменуваме што повеќе нежности со децата, но некогаш тоа се сметало за непожелно.

На почетокот од 20.век родителите се труделе колку што можат помалку да ги допираат децата, па дури и бебињата затоа што сметале дека премногу нежности би можеле да ги разгалат. Дури се препорачувало родителите во целост да ги избегнуваат прегрнувањето и бакнувањето на своите деца.

Избегнувајте „меки“ имиња

Нема да верувате, но на родителите некогаш им се препорачувало да им даваат на децата силни, звучни имиња, за да израснат во силни личности.

Кафези на прозорците

Во текот на триесетите години од 20.век, експертите за родителство биле толку преокупирани со барањето децата да имаат колку што е можно повеќе свеж воздух што отишле во крајност –ги измислиле кафезите. Тие биле монтирани на прозорците, а додека биле внатре децата буквално виселе од надворешната страна на зградата.

Нека плаче!

Детето плаче на цел глас? Нема да приоѓате, само продолжете си по својот пат.

Не патувајте никаде

На трудниците им се препорачувало да избегнуваат секаков вид на патувања, дури и да не седнуваат ви автомобил. Тоа довело до таму некои од нив со недели, а можеби и со месеци да лежат во кревет.

Бебето оди кај багажот

Ако планирате да патувате некаде со бебето, сместете го кај багажот. Нормално! Оваа иновација ви овозможува потполно безгрижно да патувате, дури и да заборавите на своето дете сѐ додека не стигнете на саканата дестинација.

Прескокнете го бањањето

Во текот на седумдесетите години од минатиот век родителите биле охрабрувани да ги бањаат децаа само двапати неделно!

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]