Чај од лаванда против менструални болки

Се смета дека овој чај ги смирува нервите, менструалните болки, го подобрува сонот, го подобрува здравјето на кожата и има уште многу други придобивки.

0
93

Ви откриваме 4 лековити својства на лавандата.

1. Чајот од лаванда ги подобрува пореметувањата на расположението
Лавандата се користи како средство за ароматерапија и додаток за помош кај анксиозност, депресија и замор.

Истражувањата сугерираат дека хранливите материи од лавандата можат да ја поттикнат активноста во одредени делови на мозокот и да влијаат на преносот на импулси помеѓу мозочните клетки на начин што го подобрува расположението и создава смирувачки ефект.

Исто така, се вели дека и мирисот на екстрактот од лаванда и маслото од лаванда го подобруваат расположението и го смируваат умот.

Истражувањето спроведено на 80 нови мајки во Тајван покажало дека оние кои пиеле по 1 шолја (250 мл) чај од лаванда дневно во текот на две недели, се чувствувале помалку уморно и имале подобро расположение.

2. Може да го подобри сонот

Се смета дека смирувачкиот ефект на лавандата во телото го подобрува сонот.

Студијата со 158 нови мајки во постпородилниот период покажала дека жените кои земале 10 пати длабоко вдишувале лаванда четири дена во неделата, во текот на 8 недели, имале значително подобар сон.

Друга студија на 79 студенти кои пријавиле проблеми со спиењето покажала дека вдишувањето на лаванда го подобрува квалитетот на сонот. Тие навечер ставале фластери со мирис на лаванда на градниот кош.

Врз основа на овие резултати, можно е шолја чај од лаванда пред спиење да ви помогне подобро да спиете.

3. Чајот и маслото од лаванда може да ги смират менструалните болки
Грчеви во долниот дел на стомакот за време на менструацијата се чест проблем на жените. Лавандата може да помогне кај чувството на непријатност.

Особено, една студија на 200 млади жени во Иран открила дека мирисот на лаванда 30 минути дневно во првите 3 дена од менструацијата значително ги намалило болните грчеви по 2 месеци.

Други студии сугерираат дека масажа со есенцијално масло од лаванда, исто така, помага при менструални болки, како и пиење 2 шолји чај преку ден.

4. Лавандата може да го подобри здравјето на кожата
Се покажа дека маслото од лаванда има антивоспалително и антибактериско дејство. Се користи во локални апликации за помош во борбата против акните, подобрување на воспалителните состојби на кожата, како псоријаза и заздравување на рани или гребнатини.

Едно истражување на стаорци открило дека локалната примена на масло од лаванда секој втор ден во текот на 14 дена значително го намалува подрачјето на раните. Тоа е главно заради тоа што маслото од лаванда ја поттикнало синтезата на протеинот колаген.

Како да се направи чај од лаванда?
Прелијте 1 шолја (250 мл) зовриена вода врз 1/2 лажица цветови од лаванда и оставете да отстои неколку минути.

Како и кај повеќето чаеви од билки, постојат некои мерки на претпазливост што треба да се земат предвид. Во една студија, имало неколку случаи на брзи отчукувања на срцето по консумирањето на чај од лаванда.

Што се однесува до екстрактот од лаванда, достапен е во облик на масло и додатоци. Не постојат стандардизирани дози за суплементите, а маслото од лаванда треба да се користи внимателно. Маслото од лаванда не смее да се голта.

За локална употреба, измешајте неколку капки масло од лаванда со базно масло, како кокосово или масло од јојоба, пред да го намачкате на кожата. Не нанесувајте неразредено масло од лаванда на кожата, бидејќи тоа може да предизвика иритација и воспаление.

Разговарајте со вашиот лекар пред да користите лаванда ако сте бремени, доите или имате сериозни здравствени проблеми.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]