Царски рез – само ако е нужно

Истражувањата покажуваат дека царскиот рез кај бремени жени треба да се користи само кога е тоа медицински оправдано. Дали знаете дека многу жени закажуваат породување со царски рез, дури и кога тоа не е неопходно? Што мислите за ова?

0
234

Истражувањата на германските експерти покажуваат дека секое десето дете родено со царски рез во текот на првите неколку месеци од животот има многу почести респираторни проблеми отколку децата родени по природен пат.

Сериозни респираторни проблеми кои бараат приклучување на респиратор се пет пати почести кај децата родени со царски рез, откриле експертите од Здружението за пневмологија и респираторни проблеми во Верн, Германија.

Проблемот веројатно настанува поради недоволно зголемување на катеколамини (хормони на надбубрежните жлезди). Овој хормон на стрес се ослободува од мајчиното тело при нормално породување, поради болката што се јавува за време на породувањето.

Тоа гарантира дека до белите дробови на фетусот ќе допре помалку течност и истовремено произведува супстанца што ги проширува алвеолите на белите дробови. Истражувањата покажуваат дека царскиот рез кај бремени жени треба да се користи само кога е тоа медицински оправдано.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]