Храна што не треба да им ја давате на децата

Приоритет на речиси секоја совесна мајка е своите деца да ги хранат здраво. Понекогаш е тоа лесно, кога станува збор за намирници што децата ги сакаат, но понекогаш тоа може да биде борба против ветерници.

0
737

Ви презентираме листа од намирници кои вашите деца никако не би требало да ги јадат, а кои сигурно им се на врвот од омилените.

Хот-дог е храна која нема апсолутно никакви нутритивни вредности. Еден хот-дог содржи 4 грама преработени масти и дури 540 мг содијум и прилична количина нитрати, кои се тесно поврзани со настанување рак на дебело црево.

Газирани пијалоци. Знаеме дека нема да можете да го контролирате секогаш вашето дете дали ќе се напие нешто газирано или не, но сѐ додека можете, трудете се да го држите подалеку од овие „шеќерни бомби“ кои во себе не содржат ништо добро. Навикнете ги децата од мали нозе да пијат вода, млеко или свежо цедени сокови.

Брзата храна е многу штетна за здравјето на децата. Не велиме дека не треба никогаш да пробаат, но трудете се тоа да биде што поретко. Наместо „хамбургер“ за вечера направете им сендвич од црн леб, путер од кикирики, омилениот мармалад. Можеби ова не е совршено избалансиран оброк, но е секако поздрава алтернатива.

Житарките со додаток на шеќер никако не се добар избор за појадокот на вашето дете. Кога ќе биде доволно големо за да јаде житарки за појадок, понудете му ги оние без шеќер и бидете убедени дека ќе му направите услуга.

Можеби сето ова ви изгледа како претерување и ускратување на радоста на вашето дете, но размислете уште еднаш. Од друга страна, постои  здрава и вкусна храна која можете да им ја понудите на децата. Направете домашна пица, сладолед или колачиња со чоколадо.

[better-ads type='banner' banner='999' ]