ХПВ во комбинација со пушењето е најголем ризик од рак на грлото на матката

Денеска почнува европската недела за превенција од рак на грлото на матката, кој по ракот на дојката, е вториот најчест рак кај жените. Се смета дека карциномот на грлото на матката може да се развие само доколку лицето претходно било инфицирано со ХПВ вирусот. Затоа ракот на грлото на матката донекаде се смета за сексуално пренослива болест

0
186

Ракот на грлото на матката е еден од најчестите малигни тумори кај жените (трет најчест во нашит регион, по рак на дојка и рак на бели дробови), додека во развиените земји е многу поредок.

Според статистичките податоци на СЗО, тој е втор најчест тумор во светот, и петти најсмртоносен. Во просек, 16 од 100.000 жени се дијагностицираат секоја година, а 9 од 100.000 жени умираат годишно.

Околу 80% од карциномите на грлото на матката се јавуваат кај жени во земјите во развој. Ракот на грлото на матката е целосно излечив тумор доколку се открие на време.

Видови на карцином

Постојат два основни типа на овој малиген тумор:

Сквамоцелуларен – настанува од сквамозните (плочести) епителни клетки кои го обложуваат грлото на матката и сочинува 85-90% од сите тумори

Аденокарцином – се развива во жлездените епителни клетки и сочинува 10-15% од туморите

Многу ретко, може да настане рак од другите типови на клетки во грлото на матката.

Фактори на ризик

Најголем ризик фактор е инфекцијата со ХПВ (хуман папилома вирус), проследена со пушење, ХИВ, други сексуално преносливи болести (хламидија, на пример) и состојби на имунодефициенција (интензивна терапија со кортикостероиди), ран сексуален однос, промискуитет или брак со промискуитетен партнер. односи без заштита.

ХПВ е причина за околу 70% од ракот на грлото на матката во светот. Познати се околу 150-200 видови на ХПВ, од кои 15 се во групата со висок ризик (видови 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59, 68, 73 и 82), 3 се со можен висок ризик (тип 26, 53 и 66), а 12 се со низок ризик (тип 6, 1, 40, 42, 43, 44, 54, 61, 70, 72, 81 и CP6108).

Главните фактори на ризик за рак на грлото на матката се типови 16, 18 и 31.

Брадавиците на гениталиите, кои исто така предизвикуваат ХПВ, се форма на бениген тумор на епителните клетки, но овие соеви на ХПВ обично не предизвикуваат рак. Секако, можна е истовремена инфекција со неколку ХПВ серотипови (хуман папилома вирус). ХПВ инфекцијата се пренесува сексуално, а употребата на кондом ја намалува, но не секогаш може да ја спречи инфекцијата.

Во моментов не постојат комерцијални тестови за ХПВ кај мажите, но се верува дека ХПВ првенствено расте во епителот на главата на пенисот. Хигиената во овој регион може да биде превентива.

Кофактори: инфекција со кламидија, вирус на херпес симплекс (ХСВ), стрес и стресни нарушувања, диета, хормонална контрацепција, повеќекратна бременост, семејна историја на рак на грлото на матката.

Симптоми на рак на грлото на матката

Ракот на грлото на матката е обично асимптоматски во раните фази. Може да потрае и до 20 години од појавата на почетните лезии до манифестацијата на симптомите. Вагинално крварење, крварење по породувањето (контактно крварење) и болка за време на сексуален однос може да укажуваат на присуство на тумор.

Во напредни фази може да се појави запек, често или тешко мокрење, губење на апетит, губење на тежината, слабост, болка во карлицата, грбот, нозете, оток на едната или двете нозе, обилно крварење од вагината, фрактури на коските и други симптоми. Метастази се јавуваат и во стомакот, белите дробови и на други места.

Ако се открие на време, ракот на грлото на матката е целосно излечив. Редовните гинеколошки прегледи, колпоскопијата и ПАП-тестот се од клучно значење за превенција и рано откривање.

Уште во 1928 година, Папаниколау ја развива техниката, а во 1941 година е воведен скрининг. Заедно, колпоскопијата и ПАП-тестот имаат 98% сигурност во раното откривање на рак на грлото на матката.

Превенцијата е исклучително важна

Скринингот треба да започне од моментот на влегување во сексуални односи, а доколку жената е добро следена, се смета дека треба да трае до 60-70 години.

Брисот Папаниколау се класифицира во 5 групи:

I група – нормални клетки
II група- нормални клетки
III група – лесна атипија
IV група – тешка атипија
V група – инвазивен карцином

Иако пап-тестот, може да потврди дијагноза на ракот на грлото на матката исто така мора предходно да се направи и биопсија на грлото на матката. Ова често се прави преку колпоскопија, а визуелната експлорација на грлото на матката се зголемува со помош на користење разредена оцетна киселина, за да се потенцираат абнормалните клетки на површината на грлото на матката.
Понатамошните дијагностички постапки и третмани се циклус електрични ексцизии (LEEP), кадешто патолошки се испитува слузницата на матката.
Предканцерогени лезии
Интраепителната неоплазија често се дијагностицира со преглед на грлото на матката по пат на биопсија од страна на хистопатолог, каде што можат да се воочат премалигни промени. Честопати во текот на 20-тиот век е изменета историјата на класификацијата на пред канцерогените лезии. Светската здравствена организација изврши класификација на пред канцерогените лезии, и тоа на: блага дисплазија, умерена дисплазија, тешка дисплазија и carcinoma in situ. Аналогно на тоа се класифицирани лесната дисплазија како CIN1, умерената дисплазија како CIN2, и тешка дисплазија како CIN3. Во последно време CIN2 и CIN3 се класифицирани како CIN 2 / 3, што го утврдува патологот по биопсијата.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]