Хилари Даф се породила дома, во када (ВИДЕО)

Актерката и пејачка Хилари Даф открила на социјалните мрежи дека вториот пат се породувала дома, во вода. Таа објавила видео на Инстаграм на кое го прегрнува и бакнува своето новороденче, а видливо е и дека плаче од среќа.

0
78
Долго размислувала дали оваа интимна видеоснимка да ја сподели со светот, но рекла дека тоа било непроценливо искуство, што можела веднаш да ја земе в прегратки својата штотуку родена ќерка, на која ѝ го дала името Бенкс Вајолет Бер.
„Долго размислував дали воопшто да го споделам ова видео, бидејќи многу е лично. Беше толку прекрасно чувството што веднаш по породувањето јас и моето девојче се прегрнавме.  Не можам да поверувам дека поминаа дури пет месеци оттогаш“, била инспирирана Хилари.
Хилари веќе го има синот Лук Круз (7), кој го доби во бракот со хокејашот Мајкл Комир, од кого се разведе во 2015. година.
Пејачката од 2017. година е во врска со колегата Метју Ком. Ќерката ја добија во јуни лани, а Хилари одлучила да се породи во домашни услови.
Видеото погледнете го ТУКА.
Фото: Инстаграм
[better-ads type='banner' banner='999' ]