Финска ги учи децата на борба против лажните вести од најмали нозе

Програмата – која се покажа како успешна толку што Финска е на врвот на годишниот индекс за мерење на отпорност на лажни вести во 35 европски земји - има за цел да обезбеди сите, од ученици до политичари, да можат да идентификуваат лажни информации и да го дадат својот придонес во борбата против нив .

0
247

Иако се чини дека има незапирлива поплава од лажни информации во демократските општества ширум светот, Финска ја сфати борбата толку сериозно што ја вовела во основното образование. Земјата ги подучува сите, од учениците од училиштата до политичарите, како да забележат ’лизгава’ информација.

Може да започнете кога децата се многу млади, вели Кари Кивинен. Всушност, дефинитивно  така и треба: „Бајките секогаш можат добро да ви послужат. На пример, нешто во врска со итрата лисица која секогаш ги измамува другите животни,  не е лоша метафора за одреден вид политичари, зарем не?“

Во средните училишта, како што е државниот колеџ во Хелсинки, каде Кивинен работи како главен учител, мултиплатформската информативна писменост и силно развиеното критичко размислување станаа основна компонента на националната програма што беше воведена во 2016 година.

На часовите по математика, учениците од Кивинен учат колку е лесно да се излаже користејќи статистика. На часовите по уметничко образование можат да видат како може да се манипулира си значењето на некоја слика. На наставата по историја, учениците анализираат историски познати пропагандни кампањи, а на наставата по фински јазик, наставниците вежбаат со децата да идентификуваат најразлични начини на кои зборовите можат злонамерно да се користат за да збунат или измамат некого.

Создавање одговорни граѓани

„Целта е да се создадат активни, одговорни, граѓани и гласачи“, вели Кивинен. „Критичко размислување, проверка на факти, толкување и оценување на сите информации на кои некои се изложени – без оглед на кој извор – се клучни. Затоа, ние го вградивме тоа во темелите на сè што учиме, во сите училишни предмети“.

Новата програма е дел од единствената целовита стратегија која ја развила финската влада по 2014 година, кога во таа земја почнаа да циркулираат лажни вести од соседна Русија.

Програмата – која се покажа како успешна толку што Финска е на врвот на годишниот индекс за мерење на отпорност на лажни вести во 35 европски земји – има за цел да обезбеди дека сите, од ученици до политичари, можат да идентификуваат лажни информации и да го дадат својот придонес против нив .

Овој проблем влијае на сите нас“, вели Јуси Тованен, портпарол на Кабинетот на финскиот премиер. „Мета му е целото финско општество и крајната цел е да ги поткопаме нашите вредности и социјалните норми и довербата во институциите што го одржуваат заедно нашето општество“.

Финска, која прогласи независност во 1917 година од соседна Русија, сега е во првите редови на информативната војна на Интернет, која драматично забрза пред пет години, откако Москва го анектираше полуостровот Крим и обезбеди поддршка за сепаратистите во источна Украина, вели Тоиванен.

Отпорноста на лажни вести – како цивилна заштита

Повеќето вакви кампањи со лажни вести – преземени и дистрибуирани од домашни екстремни десничари, националисти, „алтернативни“ фински портали и профили на социјалните медиуми – најмногу се занимаваат со напади на Европската унија, истакнување на миграцијата и прашања поврзани со неа и со обидите да влијаат врз јавната расправа за полноправно членство на Финска во НАТО.

Финска е традиционално неутрална земја, иако тесно соработува со другите членки на НАТО во Западна Европа. Прашањето дали Финците треба официјално да се приклучат кон НАТО алијансата стана голема тема последниве години, и околу тоа се кршат копјата во финската јавност, при што Русија експлицитно се спротивстави.

Затоа, развивањето отпорност на лажни вести се смета скоро како цивилна заштита, клучна компонента на целокупната безбедносна политика на Финска. „Ние сме мала земја, немаме многу природни ресурси и мора да се потпреме на секоја индивидуа да придонесе за колективната одбрана на општеството“.

Програмата, која има за цел да го постигне тоа, управувана од надзорен одбор од 30 члена од 20 различни владини тела – разни министерства, добротворни ирганизации, полиција, разузнавачки и безбедносни служби – веќе ја поминале илјадници јавни службеници, новинари, наставници и библиотекари во последните три години.

„Ова е координиран план за широк пристап кој има за цел подигнување на свеста“, вели Саара Јунтунен, научник од Министерството за одбрана. „Тоа е како антивирусна заштита на вашиот компјутер: владата е, се разбира, одговорна за одреден степен на заштита, но на крајот зависи од секоја индивидуа дали да го инсталира софтверот“.

Нема прерана возраст да се учи за веродостојноста на информациите.

Кивинен поминал најголем дел од својата кариера во училиштата надвор од Финска, пред да се врати во матичната земја за да преземе француско-финско училиште во Хелсинки и таму да ја воведе првата програма за информациска писменост. Тој тврди дека нема прерана возраст да се започне да се учи за веродостојноста на информациите со кои се среќаваат децата.

„Денешните деца не ги читаат весниците и не ги гледаат вестите на ТВ, кои се овде во ред … Тие всушност не ги бараат вестите, тие наидуваат на нив на WhatsApp, YouTube, Instagram, Snapchat услугите … Или поточно, компјутер алгоритмот ги избира новостите што им се презентираат, прилагодени баш за нив, затоа треба да можат критички да им пристапат на таквите содржини.

Во никој случај не цинично – не сакаме тие да мислат дека сите лажат – туку критично.

Лажните вести, според него, не е добар термин, особено за децата. Далеку е покорисна дефиницијата за три одделни категории: дезинформации, кои се всушност лажни иформации кои се пласираат намерно заради измама; и злобни информации (дезинформации) т.е. озборувања – информации кои можеби и се точни, но се наменети да му нанесат некому зло.

„Дури и малите деца можат да ја разберат оваа поделба … Тие многу сакаат да играат детективи. Ако им дадете притоа  да испитуваат вистински личности како новинари и политичари за работи што им се важни, ако учествуваат во организирани дебати и на училишни избори, ако им побарате да напишат и точни и лажни состави за тоа … тогаш демократијата – но и заканите на кои е изложена – почнуваат да добиваат некое значење “, вели Кивинен.

Прашањата што сакаат да ги постават учениците се на пр. Кој ги дал овие информации и зошто? Каде беше објавено? Што навистина се кажува во неа? На кого е усмерена? На што се базира? Дали има докази за неа, или ова е само нечие мислење? Дали оваа информација може да се потврди на друго место?

И, таквиот пристап се чини дека дава резултати.

Правило број еден: нема Википедија

„Секогаш треба да ги проверите фактите. Правило број еден е дека не постои Википедија и секогаш треба да има три или четири различни и сигурни извори … Тоа е она што тие ни го кажуваат при предавањето на секој предмет”, вели Матилда, 18-годишна ученичка.

Нејзината колешка Лила вели дека полемизирала со локалните политичари во панел дискусијата што се емитувала во живо на радио. Александар, 17-годишен ученик, вели дека научил најмногу кога требал сам да направи лажна кампања. Лажните вести се голем проблем, вели тој, затоа што „добивате погрешни броеви напишани на автобусот и гласачи кои веруваат во тие бројки“ – јасно алудирајќи на британската референдумска кампања која го заговараше „Брегзит“.

Прија, која има 16 години, вели дека образованието е најдобриот метод за борба. “Но, проблемот е во тоа што секој може да објавува што сака. Владата не може да стори многу кога има мултинационални гиганти како Гугл или Фејсбук на спротивната страна – и ако направи премногу, тогаш се претвора во цензура. Значи, секако образованието е најефикасниот начин за сузвивање на тоа “.

Финска предничи во информациската писменост и секогаш е близу или на врвот на сите меѓународни мерења на новинарската слобода, транспарентност, образование и социјална правда. Финските ученици го постигнаа најдобриот резултат во читање во цела ЕУ на последното ПИСА истражување.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]