Уште колку истражувања се потребни за да престанеме на децата да им даваме мобилен за да бидат мирни?

Претераното ‘дружење’со екраните може да го смени обликот на мозокот на децата и да го забави нивниот развој кога станува збор за говорот и јазикот, покажало новото истражување. А родителите сѐ уште сметаат дека е во ред да им тупнат на децата мобилен за да седат мирни. Колку седат вашите деца пред ТВ, на компјутер, таблет или мобилен телефон?

0
271

Кога ќе прашате некои родители кои се свесни дека долгото седење пред екраните не е добро за децата, колку време тие им дозволуваат на своите деца да седат пред телевизорите, компјутерите, на таблет или на мобилен, велат: „на моето дете не му давам мобилен освен кога треба долго да чекаме на лекар или во банка“!

Кога растевме ние и генерациите по нас, родени во 80-тите и 90-тите, што правеа родителите додека чекаа долго во лекарските ординации или пак во банка? Да се разбереме, тоа и не беше толку одамна, имено, и тогаш имаше лекарски ординации и редици во банка!

Веќе долго се зборува за тоа дека компјутерите лошо делуваат на детскиот мозок, а новата студија тоа и го докажала. Научниците анализирале скенови од мозоците на деца на возраст од 3 до 5 години, па резултатите ги споредиле со тоа колку време поминуваат пред екраните.

Кај децата кои поминуваат најмногу време пред таблетите, телефоните или телевизорите, забележан е помал број на бела мозочна маса. Инаку, елата мозочна маса помага во испраќањето пораки од еден до друг дел од мозокот преку нервните врски. Тие нервни врски влијаат и на вештините како говорот, размислувањето и читањето.

Во студијата учествувале 47 здрави деца – 27 девојчиња и 20 момчиња. Водчкиот автор д-р Џон Хјутон и неговите колеги ги испрашале родителите во врска со тоа колку време маса децата пред екраните. На децата им е направен скен на мозокот, како и тестови кои се мерило за вештините на говор, вклучително и вокабуларот, читањето, како и брзината на примање информации.

Децата кои поминуваат повеќе време пред екранот, имале помал квалитет на белата мозочна маса, што влијае на формирање на миелин, супстанција која ги прекрива нервните влакна во мозокот. Миелинот е важен за брзината со која се пренесуваат информациите во мозокот.

Од друга страна, колку помалку миелин има – кој обично се намалува како последица од болест – сигналите и информациите побавно патуваат.

Меѓутоа, една од мааните на оваа студија е тоа што не е прецизирано колку време поминувале децата пред екраните, но когнитивните тестови ги потврдиле резутатите – оние кои повеќе се ‘дружеле’ со екраните, биле полоши и на когнитивните тестови.

Овие деца полошо ги зразуваат и своите мисли и емоции, им треба подолго време да ги именуваат предметите и побавно учат да читаат и да пишуваат.

„Иако сѐ уште не можеме да тврдиме дека се екраните причина за структурните промени на мозокот или дека доведува до долгорочни неуроразвојни ризици, врз основа на оваа студија можеме да разбереме дека е важно на децата им ја ограничиме употребата на технологијата“, заклучува авторот на студијата.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]