Вагиналното сеење е постапка со која на лицето и на телото на бебето, кое е родено со царски рез, се става вагинална течност, за новороденчето да добие добри бактерии на кои би било изложено кога би било родено по вагинален пат.
Целта на родителите е да го приближат царскиот рез до вагиналното породување, па на бебето веднаш при раѓањето, освен на кожата, им се размачкува од вагиналната течност и по очите и устата.
Сепак, сѐ уште не постојат докази за оваа прва „инјекција“ на природен имунитет, а докторите предупредуваат дека постои опасност од пренесување и на оние лошите кои кај малите бебиња можат да предизвикаат болести, вклучувајќи ги тука ХИВ, кламидија, херпес, стрептококи.
„Конечната одлука е секако на родителите. Но како здравствен работник, должен сум да ги информирам своите пациенти за можниот ризик за детето“, вели др. Патрик Обрајан за британскиот „The Sun“.