Учителка му донирала бубрег на петгодишно девојче кое го подучувала повеќе од 2 години

Едно 5-годишно девојче од Мисури не морало да бара далеку за да најде совршено совпаѓање со бубрегот што ѝ бил потребен откако била на дијализа повеќе од четири години.

0
916
Robin Mach

Кејли Кулаж (5) од Пацифик, Мисури, годинава имала успешна трансплантација на бубрег заедно со својата учителка за предучилишно образование, Робин Меч.

Меч, работи како наставник за специјално образование во раното детство повеќе од 20 години, а Кејли почнала да ја подучува пред повеќе од две години.

За оваа цел таа патувала до домот на Кејли затоа што имунитетниот систем на 5-годишното девојче бил премногу слаб за да може да ја посетува градинката со другите деца.

Кејли е родена предвремено во 26. недела и во одделот за неонатална интензивна нега (NICU) поминала повеќе од 150 дена по нејзиното раѓање, раскажала нејзината мајка Дезире Кулаж.

Кејли е исто така мала за нејзината возраст, што значи дека морала да почека да достигне одредена големина пред да може да се додаде на списокот за трансплантација на бубрег.

Тој момент конечно се случил во октомври. Кога Меч открила дека Кејли сега има право на трансплантација, вели дека за првпат сфатила дека можеби може да помогне.
„Еден ден, јас и Дезире само разговаравме и ја прашав: ‘Може ли бубрегот да биде од возрасно лице?’, И таа ми рече: ‘Да’, се сеќава Меч. „Реков, што треба да направам за да го проверам тоа? Можеби сум доволно мала“.

Меч, која е висока помалку од пет стапки, започнала да минува низ тестови за да види дали е совршен донор за Кејли. Помалку од три месеци подоцна, по она што Меч и Кулаж го опишале како „ролеркостер“ од тестови и емоции, Меч дознала дека може да биде донатор на бубрег за Кејли.

Во февруари на Кајли ѝ била извршена успешна трансплантација на бубрег – интервенција која траела 6 часа.

Мајката на Кајли вели дека здравјето на девојчето по операцијата драстично се подобрило.

„Повеќе не е врзана за апаратот за дијализа секоја вечер, бојата ѝ се враќа на образите и сега може да ужива во долгото капење пред спиење“. Кулаж вели дека никогаш нема да ги најде вистинските зборови со кои би можела да ѝ се заблагодари на учителката.

Учителката, пак, не ја смета својата постапка за херојска, туку како само еден дел од нејзината учителска работа.

„Ако на детето му треба ранец или чевли за на училиште, јас ќе му набавам ранец или чевли. Тоа е некако иста работа… На Кајли ѝ требаше бубрег, а што и да ѝ треба, јас ќе ѝ дадам“, заклучила Робин Меч, учителката-херој.

Фотографијата е од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]