Училиште ги укинало домашните задачи и наместо нив вовело „хумани дела“

Повеќето од нас минуваа часови и часови на домашните задачи што ги добивавме на училиште. Но, што ако наместо тие многу часови што ги „потрошивме“ на учење таблица за множење, слободното време го поминувавме правејќи добри дела за својата заедница?

0
110

Истото прашање си го поставило и раководството на едно основно училиште во ирскиот град Клонакилти.

Во текот на декември 2019. година, вработените во тоа училиште одлучиле на децата наместо домашни задачи да им зададат таканаречени дела на љубезност.

Тоа не е првпат училиштето Gaelscoil Mhichíl Uí Choileáin да ја реализира оваа одлична идеја. Сличен принцип применувале секој декември претходните три години.

На официјалната веб-страница на училиштето е напишано:

„Охрабрени од огромниот успех кој го постигна минатогодишниот проект на „Дневник на благодарноста“, кога учениците и нивните родители ги бележеле малите работи на кои се благодарни во животот, овој декември се одлучивме за поактивен пристап и да ги поттикнеме учениците на мали дела на добрина кои ќе направат голема промена во нечиј живот“.

Во последните недели од 2019. година, децата секој ден добивале за задача различни хумани дела.

Во понеделник имале задача да ѝ се обратат на повозрасна личност, во вторник да им помагаат на родителите во домашните работи, во среда биле слободни да изберат случаен чин на добродетелство, а во четврток децата биле поттикнувани да направат нешто за себе, како своевиден чин на љубов кон самиот себе.

За цело време, децата воделе „дневник за љубезност“ и ги запишувале во него своите искуства, а училиштето поставило таканаречено „сандаче за љубезност“ во кое учениците уфрлале мотивациски поддршки, кои имале за цел да ја подигнат меѓусебната самопочит.

Тие пораки биле јавно читани во петоците.

„Современото општество го диктираат социјалните мрежи, а младите постојано се наоѓаат под притисок. Нема подобар начин да се изгради похумано општество отколку да ги научиме децата да бидат пољубезни“, наведуваат во училиштето.

„Сите знаеме дека помагањето на другите прави да се чувствуваме подобро, што е нешто што сите го сакаме за себе“.

Пробајте и самите… Бидете љубезни и ќе бидете среќни.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]