Индија има голем проблем со пластичен отпад. Официјалните статистики наведуваат дека нејзините граѓани секојдневно произведуваат околу 26.000 тони ѓубре. Во Памохија, и во северноисточната држава Асам, мештаните одлучиле тоа ѓубре да го користат за греење во текот на острите зими во подножјето на Химелаите.
Кога пред три години тука дошле Пармита Сарма и Мазин Мукхтар и го основаче училиштето Акшар фондација, дошле до иновативна идеја родителите на децата да ја плаќаат пколарината со пластичен отпад.
Мукхтар, кој пред доаѓањето во Индија работел на помагање на загрозените семејства во САД, заедно со сопругата Сарма, дипломиран социлог, почнал да ја развива оваа идеја. Помислиле дека најдобро решение би било секое дете да донесе најмалку 25 работи секоја недела и така да го отплаќаат школувањето.
Иако е фондацијата добротворна организација, поддржана со донации, тие велат дека оваа идеја со пластичниот отпад го поттикнува чувството на заедништво и корисност.
Училиштето сега има повеќе од 100 ученици. Не само што помага во подобрувањето на локалното опкружување, туку почнала да ги трансформира животите на локалните семејства со детската работа.
Наместо да го напуштат училиштето за да работат во локалните каменоломи за по 2,5 долари на ден, н постарите ученици им се плаќа за да ги подучуваат помладите деца во училиште. Како што напредуваат во училите, така и нивната плата им се зголемува.
Фото: Pixabey