Учениците учат подобро кога пишуваат белешки со молив

„Нашите нови наоди сугерираат дека дури и кога лаптопите се користат како што треба, а не за купување на работи на Амазон за време на часот, тие сепак можат да им наштетат на академските перформанси“, објасниле истражувачите од Универзитетот Принстон

0
165

Повеќето современи училишни училници се море од лаптопи. Звуците на пенкала и моливи кои преминуваат преку хартијата веќе долго време се заменети со звуците на тастатурите.

Секако, куцањето на белешките на лаптоп е многу полесно отколку старомодниот метод, но научниците се прашуваат: што жртвуваме во замена за овој вид на погодност? Дали учениците учат како што би требало?

Очигледно, не.

Според резултатите од една студија објавена во Psychological Science, фактот што сте побавни кога ги забележувате белешките рачно, е она што го прави ова покорисно на подолг рок.

„Нашите нови наоди сугерираат дека дури и кога лаптопите се користат како што треба, а не за купување на работи на Амазон за време на часот, тие сепак можат да им наштетат на академските перформанси“, објасни водечкиот автор Пам А. Милер од Универзитетот Принстон во соопштението.

Нејзиното истражување, кое го спровеле заедно со Даниел М. Опенхајмер од УКЛА, вклучило 65 студенти. На секого му било наложено да гледаат еден од петте ТЕД-разговори за теми кои биле „интересни, но не и општо познати“. Учениците добиле лаптопи или тетратки и им било кажано да користат каква било стратегија што вообичаено ја користеле за да направат забелешки.

Триесет минути подоцна, биле запрашани да одговорат на два типа прашања за предавањето што го следеле: прашања врзани со факти и прашања за концептуална примена.

Она што го утврдиле е дека додека двата вида на фаќање белешки се подеднакво добро изведени кога станува збор за прашања врзани за факти, но кога станува збор за концептуалните прашања,  оние кои фаќале белешки куцајќи на лаптоп  поминале полошо.

„Кога луѓето ги пишуваат своите белешки, тие имаат тенденција да се обидуваат да направат дословни белешки и да запишат што поголем дел од предавањето“, изјавила Милер. Учениците кои земаа долги белешки во нашите студии беа принудени да бидат поселективни – затоа што не можете да пишувате толку брзо колку што можете да куцате. И таа дополнителна обработка на материјалот што тие го правеа беше корисна“.

Но и покрај тоа, Милер не предвидува дека учениците ќе им се вратат на спиралните тетратки.

„Мислам дека е тешко да се натераат луѓето да им се вратат на пенкалото и на хартијата“, вели таа.

„Но, тие сега развиваат многу технологии како Livescribe и разни технологии зна пишување и таблети кои сѐ повеќе се подобруваат и се подобруваат. И мислам дека тоа ќе биде полесно да им се „продаде“ на учениците и на луѓето од таа генерација“.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]