Успехот на крајот од годината не го наградувајте, туку славете го

Што порачуваме ако го наградиме само оној ученик кој донел петки? Дека трудот на оние другите не е вреден?

0
125
Кога на крајот од учебната година децата ќе дојдат дома со оценките, честопати за тоа добиваат од родителите и од бабите и дедовците, добиваат награда за вложениот труд, секако, доколку ги донесат посакуваните резултати. Има најразлични дарови, од нови телефони, велосипеди, таблет, патување, а најчесто и пари.
Сепак, неколку истражувања покажале дека наградите за оценките не се добра идеја. Психологот Ричард Рајан од Универзитетот Рочестер во Њујорк смета дека на тој начин на децата мотивација за натамошно учење им се подароците, а не знаењето.
„Сега родителот е тој која мора да го надзира и поттикнува детето, наместо детето само да ги сфати вредностите на учењето и упорноста.
Би било подобро родителот на друг начин на го пофали детето – да кажеме, да му предложи на детето заедно да го прослават успехот, да отидат на излет, вечера и слично. Наградувањето и прославата на некој успех се две различни работи“, смета професорот Рајан.
На тој начин размислува и мајката-блогерка Кристина Орган.
„Јас верувам во наградување на трудот, а не на резултатите. Едно дете може да помине низ сите одделенија со чиста петка без многу мака, додека друго дете мора повеќе да се потруди и да учи за четворка. Што порачуваме ако го наградиме само оној ученик кој донел петки? Дека трудот на оние другите не е вреден? Лично, успехот на децата повеќе сакам да го славам, отколку да го наградувам, а најмногу причини за прослава имам кога гледам дека моите деца се убаво воспитани и дека им помагаат на другите. Впрочем, тоа е она што е важно, а не оценките во дневникот“, вели Кристина.
[better-ads type='banner' banner='999' ]