Децата слушаат настава преку телевизија и ги испраќаат домашните задачи преку интернет, но и вие работите од дома, такашто училиштето и канцеларијата се судираат во неколку квадрати. Не ви е лесно ниту вам, ниту ним па затоа е важно да најдете заеднички јазик и да ја надминете оваа состојба колку што е можно побезболно, советуваат експертите.
Ќе имате мотив
Трудете се да станувате во приближно исто време за да појадувате заедно и да имате време барем малку да разговарате пред да ви почнат обврските.
Договорете се во исто време да бидете вредни. Кога тие имаат часови и пишуваат задачи, вие исто така работите, иако во тој момент можеби повеќе би сакале да зготвите ручек или да се одмарате. Важно е тие да видат дека и вие имате обврски слични на нивните, па ќе бидат попосветени на учење, а вие ќе имате мотив да го завршите најважниот дел од работата за време на нивната настава.
Бидејќи претпоставката дека вашиот работен ден трае подолго од нивниот училишен ден, објаснете им дека уште извесно време ви е потребен мир за работата, а тие да се повлечат во својата соба, да се одморат или да останат тука, но да читаат книга, да слушаат музика на слушалки. Пожелно е да го испочитуваат вашето работно време.
Кога да се опуштите
Кога и вие ќе ја завршите работата, задолжително наградете се и себеси и децата со некои слатки што ги сакате, засилете ја музиката, играјте некоја друштвена игра … нека знаат дека обврските за тој ден се завршени и дека сега можете да се опуштите.
Фото: Pexels