Уред за следење на здравјето на детето – претерување или олеснување?

Колку навистина претеруваме кога станува збор за грижата за децата? Толку многу што на пазарот се појави уред што родителите ќе можат да го користат дома за да го следат здравјето на своето дете. Претерано или потребно? Што мислите вие?

0
124

Од ден на ден напредните технологии ги поместуваат границите, па беше само прашање на ден кога некој ќе дојде на идеја да измисли нешто како овој уред што им ја олеснува грижата за децата на сите оние панични родители, а сите знаеме дека родителите се најпрофитабилна целна група.

Според написите во многу светски медиуми, стандардните бебе монитори кои ни помагаат да слушнеме од друга просторија ако бебето плаче, треба да заминат во минатото затоа што овој нов уред ви овозможува освен плачењето, да ги следите и виталните знаци на вашето бебе.

Боди како гаџет

Мимо мониторот е гаџет кој е сошиен на бодито на бебето и ги пренесува сите важни информации за здравјето на бебето и виталните знаци. Специјални сензори и микрофон пренесуваат информации за температурата на бебето, положбата во која тоа спие во креветчето и неговите движења директно до вашиот паметен телефон, а исто така можете да ги слушате звуците и со помош на Bluetooth-слушалки.

Иако овој уред можеби на прва ви изгледа како многу корисен уред, пред да посакате да го купите, запрашајте се дали тоа ќе ви донесе повеќе грижи отколку придобивки и дали ќе ве претвори во анксиозен родител кој го гледа својот паметен телефон во паника додека неговото бебе мирно спие?

Мир или анксиозност?

Експертите потенцираат дека не е лесно да се биде родител и дека грижата за децата понекогаш е исцрпувачка, но тие не гледаат решение во високата технологија. Иако би било олеснување за повеќето родители да знаат во која положба спие бебето поради синдромот на ненадејна смрт кај новороденчињата и дали има нешто во креветчето што би претставувало потенцијална опасност, треба да знаете дека ваквите уреди не се сто отсто испитани. Единствениот доказ за нивната ефикасност потекнува од студиите што ги плаќаат компаниите што ги произведуваат, а тоа, ќе се согласите, не е валиден доказ. Експертите велат дека таквиот уред може да ја зголеми вознемиреноста на родителите и да доведе до многу непроспиени ноќи додека чекаат да се случи нешто лошо.

Од друга страна, многу е можно дека со текот на времето, анксиозноста на родителите би можеле директно да влијае на детето. Која порака всушност му испраќаме на детето со тоа што ќе се поврземе со уред како овој? Дека светот не е безбедно место и дека опасностите демнеат на секој агол? Но ако претеруваме со сопствениот страв, го учиме детето дека ризикот никако и никогаш не е опција, со што на некој начин го ограничуваме да го запознае и истражува светот, што може да има лош ефект врз емоционалниот развој.

Другата страна на медалјата

Како и за сè во светот, постојат и спротивставени мислења и искуства кои одат во прилог на овој уред. Имено, многу мајки чии деца имаат здравствени проблеми тврдат дека Мимо им бил од голема корист и дека тоа е цената на приватноста што тие секако би ја платиле. Постојат и такви мајки кои тврдат дека без оглед на придобивките што ги носи овој уред, не влева толку голема доверба за да ги спречи да стануваат ноќе и да го проверуваат детето.

Ако навистина мислите дека овој уред ќе ве смири и ќе ви донесе олеснување, тогаш дефинитивно треба да го набавите, но не се сите родители исти и Мимо нема кај секого да има иста реакција, но за среќа, имаме право на избор.

Фото: http://www.iwebstreet.com/

[better-ads type='banner' banner='999' ]