Украинка раѓа деца по нарачка и наплаќа по 15 000 евра

Триесет и двегодишната Алина Стахорска го родила првото дете за ирска брачна двојка кога имала 21 година. Подоцна, била сурогат мајка на брачни двојки од Германија и од Индија.

0
520

Алина Стахорска (32), мајка на два сина од Украина, е една од 1.500 жени од оваа земја кои минатата година родиле деца по нарачка за странци. Минатогодишното породување ѝ било трето во низа со успешен завршеток. Таа го родила првото дете за ирска брачна двојка кога имала 21 година. Подоцна, била сурогат мајка на двојки од Германија и од Индија.

Висината на хонорарот по дете, како што се наведува, изнесува дури 15.000 евра. Алина на овој пат се решила од потреба. Како што рекла, кога првпат се решила на овој чекор, таа била многу млада и штотуку се развела од првиот сопруг. Немала стан, па таа и нејзиниот тригодишен син живееле со бабата на Алина.

За програмата за сурогат мајчинство дознала од оглас, по што отишла на клиника на тестирање. За ова ја имала поддршката од нејзините родители кои не ја осудиле затоа што се решила на овој чекор. Главната причина на Алина биле парите. Купила стан од парите за првите две деца, кој подоцна го продала, а од третиот, куќа и два автомобили.

Таа не се пријавила на програмата за да им помага на луѓето, што отворено го признала, но денес ѝ е драго затоа што направила добро дело и сè уште е во контакт со родителите, на кои им го подарила најдобриот подарок. За време на бременоста, таа морала да се откаже од одредени работи – тутун, алкохол и секс. Нејзиниот сопруг првично се спротивставил на одлуката на жената, но на крајот се помирил со ситуацијата, бидејќи неговите приходи биле ограничени.

Тешко ѝ било предавањето на детето по породувањето, иако не биле нејзини деца. Кога за првпат го видела третото дете во породилното одделение, момчето плачело. Никој не реагирал, а Алина сакала да го земе во раце. Сепак, вработените ја замолиле да замине и таа се расплакала. Подоцна, кога отишла со сопругот кај родителите на детето, дури тогаш го зела бебето во рацете. Рацете ѝ трепереле, а сопругот ѝ рекол дека е подобро веднаш да си одат дома.

И покрај сите препреки, Алина би сакала да се обиде повторно како сурогат мајка, се разбира, ако ѝ дозволат годините.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]