Трудници, знаете ли да го врзете безбедносниот ремен во автомобилот?

Неправилно поставените безбедносни ремени може скоро да го дуплираат ризикот за нероденото бебе, дури и ако возите само со 40 на час, покажува истражување на Квисленд Хелт

0
215

Водичот на медицинската сестра за безбедно возење во бременоста е важна лекција за секоја жена. Австралијката Ники објавила видео во кое демонстрира како да се врзе безбедносен ремен откако ќе започне да се забележува трудничкото стомаче.

„Веројатно е една од последните работи за кои размислувате, но мора да знаете што е безбедно“, напишала таа во насловот.

Ники вели дека долниот дел од ременот треба да биде на бутовите, под стомакот, никогаш над него или на него. Лентата за рамото треба да се стави преку клучната коска, помеѓу градите.

Неправилно поставените безбедносни ремени може скоро да го дуплираат ризикот за нероденото бебе, дури и ако возите само со 40 на час, покажува истражување на Квисленд Хелт.

Ники исто така забележува дека воланот треба да биде оддалечен најмалку 25 инчи од стомакот на бремената жена возач. Така, воздушното перниче, во случај на несреќа, ќе оди кон градите, а не кон стомакот.

Видеото со советот предизвикало бројни реакции кај жените, кои ги споделиле своите искуства.

„Бев вклучена во сообраќајна несреќа две недели пред да се породам. За среќа, мојот појас беше под стомакот. Бев во шок а стомакот ми се стврдна на 20 минути. Можев да го изгубам бебето од силината на ударот ако ременот не беше поставен како што треба“, напишала една мајка.

Друга коментира дека имала среќа да знае дека седиштето треба да се помести наназад, односно да се оддалечи од воланот, кога доживеала сообраќајна несреќа во 30-тата недела.

Фото: Принтскрин Инстаграм
[better-ads type='banner' banner='999' ]