Три деца тешко се изгореле правејќи ги кексите од Squid Game

Три деца во Австралија се здобиле со тешки изгореници обидувајќи се да ги направат популарните јужнокорејски далгон кекси чија популарност се зголеми откако се појавија во серијата Squid Game

0
130
Фото: Јутјуб скриншот

Детската болница во Сиднеј издала предупредување откако изминатиот месец лекувале тројца свои пациенти со тешки изгореници. Забележано е зголемување на бројот на повреди додека децата се обидуваат да направат бисквити далгон, популарни јужнокорејск слатки кои имавме шанса да ги видиме во серијата Squid Game, се вели во соопштението издадено од Детската болница во Сиднеј.

Далгон колачите се направени од стопен шеќер. Станува збор за килибарен десерт кој датира од 70-тите години и повторно стана популарен откако се појави во хит серијата на Нетфликс.

Фановите на серијата од целиот свет се обидуваат сами да ги направат овие слаатки, а процесот на правење го споделуваат на социјалните мрежи. Со мешање  шеќерот се загрева на оган, а потоа смесата се истура во калапи или на плех.

Процесот можеби изгледа едноставен, но резултирал со изгореници на три деца од Австралија, вклучувајќи го и 14-годишното момче по име Ејден. Додека ги правел овие слатки тој се здобил со тешки изгореници на раката и ногата.

Шеќерот се топи на висока температура, а добиената смеса е леплива, објаснил Ерик Ла Хеи од единицата з изгореници во детската болница во Сиднеј.

„Многу е важно, доколку се случи ваква несреќа, родителите и децата да ги знаат чекорите за прва помош и изгореното место да го стават под ладна вода што е можно поскоро најмалку 20 минути“, додал тој.

Според болницата, Ејден секоја недела оди на преврски и прегледи на изгорениците и ќе се лекува и следната година.

„Шокантно е што таков едноставен чин може да има толку сериозни последици“, рекла мајката на Ејден во изјавата доставена до болницата.

Топлата храна и прибор секогаш треба да се чуваат подалеку од деца. Кога децата се доволно возрасни за да готват сами, родителите или старателите треба да ги научат како да го прават тоа безбедно.

Нетфликс препорачуваат серијата Squid Game да ја гледаат само гледачите над 18 години.

[better-ads type='banner' banner='999' ]