И покрај тоа што повеќето родители кога нивните деца имаат излив на гнев, имаат нагон да возвратат со еднаква мерка, тоа не е препорачливо. Подигнувањето на тонот многу често само ја влошува ситуацијата, додека понежен пристап би можел да биде многу подобро прифатен од детето.
Ова го потврдува и Кајла, мајка на две деца, која открила на ТикТок како да се запрат тантрумите во секунда.
„Големите чувства во мало тело можат да бидат тешки за секого“, напишала таа во описот на снимката што го покажува моментот кога нејзиното двегодишно синче почнува да се вознемирува.
На ова таа мирно го охрабрува да седне на подот и да вдише длабоко. Таа објаснува: „Кога наполни две години, започнав да го правам ова со него за да му помогнам да помине низ тантрумите“.
Откако момчето ќе се смири доволно за да може да објасни што сака и што му треба, дури тогаш може тоа и да го добие.
Многу родители ја пофалија за нежниот пристап и трпеливоста.
Погледнете го видеото.
@bareyoursoul Reply to @bareyoursoul how to handle a tantrum! Our most viral video🥰❤️ #peacefulparenting #toddlertantrums #mindfulmoms #wegotthis #ChipsGotTalent
Фото: ТикТок скриншот