Третина од младите покажуваат знаци на зависност од мобилните телефони

Зависноста од мобилните телефони не е официјално признаена како клиничка дијагноза, но симптомите се утврдени.

0
70
Фото: Pixabay

Повеќе од една третина од младите возрасни лица покажуваат симптоми на зависност од паметните телефони, без оглед колку време дневно поминуваат на тие уреди. Зависноста од мобилните телефони не е официјално признаена како клиничка дијагноза, но симптомите се утврдени.

Истражувањето на лондонскиот Кралски колеџ покажало дека 39 проценти од луѓето на возраст меѓу 18 и 30 години покажуваат симптоми како што се губење на контролата над времето поминато на паметен телефон, вознемиреност кога не им е достапен и занемарување на други аспекти на животот.

Според студијата, приближно една четвртина од оние кои покажале знаци на зависност користеле паметен телефон повеќе од три часа на ден, а дополнителни 19 проценти повеќе од пет часа на ден.

Повеќе од две третини (69 проценти), исто така, рекле дека спијат слабо, без разлика колку време поминуваат гледајќи во своите мобилни телефони.

Во студијата учествувале 1.043 луѓе.

„Паметните телефони станаа составен дел од нашите животи и оваа студија е важен чекор во согледувањето на ефектите од нивната дисфункционална употреба и нарушувањата на спиењето“, изјавила водечката авторка на студијата Саманта Сон од Одделот за психологија, психијатрија и неврологија на Кралскиот колеџ.

Во студијата учествувале 1.043 лица, а 406 од нив ги исполниле критериумите за „дијагноза“ на зависност од смартфон.

Интересно е што студијата открива дека времето поминато со паметен телефон не е клучно за проблемот со зависноста и за лошиот сон.

„Докажано е дека елементи на бихејвиорална зависност подобро ќе ја предвидат штетата поврзана со претерано користење на паметните телефони отколку самата должина на употребата“, рекла Сон.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]