Можеби оваа листа на работи поради кои е подобро да се биде жена, ја направил некој маж кој ги гледа само позитивните ефекти од овие „поволности“, но во глобала, не е далеку од вистината. Навистина е добро да се биде жена! Еве зошто:
Повисок праг на болка
Жените даваат живот и има многу малку настани во животот кои можат да го досегнат тоа ниво на болка. Жените природно имаат поголема толеранција на болка токму поради оваа причина. Бидејќи жените имаат поголеми прагови на болка, подобро можат да ја користат традиционалната медитација и различните методи на физичка активност за да ги смират својот ум и телото.
Подолг животен век
Статистички е докажано дека поголемиот дел од жените живеат подолго од мажите. Дел од ова е поради несреќите на работното место, но добар дел од тоа има врска со болестите. Жените само имаат тенденција помалку да се разболуваат и имаат подолг животен век.
Тие можат да се прегрнуваат едни со други
На жените им е дозволено да си ја прегрнуваат својата пријателка во јавност без да се грижат за тоа што мислат луѓето. Не е необично жените да ја покажуваат љубовта, а тоа да не изгледа чудно.
Тие можат да плачат
На жените им е дозволено да плачат во јавност исто како што им е дозволено да плачат и во својот дом. Тиесе многу послободни да ги изразат своите чувства од мажите. Кога мажите плачат, тие се сметаат за послаби или за помалку мажествени. Ова не е случај кај жените.
Попусти и поволности
Некои компании имаат специјални продажби или настани за дами, кога тие добиваат попусти и други поволности. Исто така, многу места нудат бесплатни грицки за дамите или побрзо добиваат слободни места. Истио така, кога жените одат во клуб, често добиваат бесплатен влез и побргу влегуваат внатре.
Жените можат да користат шминка
Мажите се прилично заглавени со лицето со кое се родени. Жените имаат способност да се менуваат со помош на различна шминка и фризури за да го подобрат својот изглед, и тоа навистина прави разлика. Со најновите козметички производи тие можат да го трансформираат својот изглед, а шминката е составен дел од нивниот живот.
Поголем избор на облека
Кога станува збор за мода жените дефинитивно имаат превласт. Мажите генерално не можат да носат здолништа, освен ако тоа е килт, па дури и тогаш понекогаш не е дозволено.
Породување
Само половина од населението има моќ и се што е потребно за да пораснат друго суштество во своето тело и потоа успешно да го родат. Ова чудо на природата е достапно само за жените. Потоа ја добиваат привилегијата да ги нарекуваат „Мамо“, што е волшебно.
Носат чанта
Поголемиот дел од жените носат чанти, кои можат да содржат мноштво предмети. Ако имаат потреба од очила за сонце или пак бонбони за освежување на здивот или нешто трето, жените можат да ги обезбедат од длабочините на чантата. Тоа е како чанта за поддршка, но за секојдневниот живот. Чантите, исто така, може да се користат како моден додаток, што е исто така супер забавно со оглед на тоа што постојат разлилни бои, брендови, стилови.
Не ќелавеат
Ќелавоста е состојба која ги прогонува мажите и предизвикува многу од нив да ја изгубат косата подоцна во животот. Жените се целосно имуни на ова поради нивниот втор X хромозом кој штити од ќелавост.
Можат да видат повеќе комплексни бои
Жените генерално имаат зголемени сетила кои можат да детектираат мали разлики, и ова им овозможува да разликуваат повеќе нијанси на бои. Ова им дава подобра можност во која било кариера или хоби кои вклучуваат боја.
Одлични комуникациски вештини
Делот од мозокот одговорен за комуникација е поголем кај повеќето жени отколку кај мажите. Жените имаат тенденција да можат да комуницираат и да се разбираат едни со други подобро не само преку говорот, туку преку изразите на лицето и емоциите. Ова може да им помогне на жените да бидат попродуктивни на работните места или во односите. Жените, исто така, можат поефикасно да ги користат различните канали за комуникација, како што се и-пошта, смс текст или директни пораки.
Дамите имаат предност
Во случај на вонредна состојба, прво се заштитуваат жените и децата, што ги прави нивните шанси за преживување многу повисоки. Исто така, тука е и убавата општествена практика на држењето на врата за дамите и други бон-тон правила на однесување во однос на жените.
Останување дома
Жените имаат многу избори во современиот свет; да имаат кариера, да оформат семејство и да патуваат низ светот. Ако жените сакаат да работат од дома или да останат дома и да не работат, тоа е многу прифатлива улога. Обично, кога истото го прават мажите, тоа иницира многу непријатни прашања и се случува многу поретко.
Тие добиваат повеќе цвеќиња
Без разлика дали станува збор за потенцијален додворувач, за некаква награда или подарок, жените имаат повеќе можности да добијат цвеќе, што е навистина убаво и секогаш ни го крева духот. Секогаш е убаво да се добие свеж букет цвеќиња од некој близок.