Дали некогаш сте ја чуле фразата „ние сме заедно поради децата“? Многу веројатно. Но, вистината е, несреќниот и токсичен брак за децата е поболен од разводот.
Ниту една опција не е среќна и влијае на сите, особено на децата. Сепак, на долг рок, децата страдаат повеќе кога растат со несреќни родители кои постојано се караат. Еве зошто.
Кога ќе пораснат, тие ќе го копираат токсичниот модел на своите родители
Возрасните често ги копираат однесувањата што ги гледале дома кога биле деца. Ако децата постојано гледаат и ги слушаат расправиите на родителите, за нив тоа станува нормално и тие сами ќе го копираат ова во иднина. Тие ќе веруваат дека токсичниот брак е нормален и нема да можат да замислат поинаква, поточно, среќна врска.
Никогаш нема да се навикне на тоа
Семејните конфликти влијаат врз децата и емоционално и социјално и предизвикуваат проблеми со довербата, ниската самодоверба или чувството на безвредност. На долг рок, со текот на времето, ќе им биде потешко да ги надминат чувствата на несигурност, анксиозност или вина.
Ќе станат почувствителни на стрес
За децата да научат да се справат со стресот, им треба безбедно место, и тоа обично е домот. Но, кога дома има расправии и викање, тоа станува заканувачко место. Децата што растат во такви домови се повеќе подложни на стрес а ги гледаат обичните ситуации како закана. Тоа предизвикува вознемиреност што може да доведе до кошмари, несоница и депресија.
Ќе им биде тешко да изградат здрава врска
Децата кои се несреќни подоцна во животот имаат потешкотии при зближувањето со другите луѓе. Освен тоа што може да влијаат на нивниот љубовен живот, можат да имаат проблеми со врсниците на факултет или со колегите на работа.
Ќе ги соберат лошите навики
Првото нешто што несреќните деца го прават е обидувањето да ги сокријат своите емоции. Како одговор на стресот, тие се заклучуваат во себеси, ја лекуваат несреќата со храна или претерано играат видео игри. Со другите деца, тие можат да бидат агресивни.
Ќе им биде тешко да ги покажат емоциите
Децата кои гледаат многу вербална агресија, избегнување или трескање со врати, на крајот ќе престанат да ги покажуваат емоциите од страв да не направат нешто погрешно и со тоа да не предизвикаат гнев кај родителите. Ќе пораснат во анксиозни лица на кои им е тешко да им се отворат на другите. Како возрасни, тие ќе го копираат она што го гледале дома и можеби ќе ги повторуваат грешките на нивните родители.
Фото: Freepik