Тоа нема да ми се случи баш мене и на моето дете

На детето му е работа да се движи, да комуницира, да си игра, а гледањето ТВ, особено таблетите и видео игрите се последната опција што треба да се сведе на минимум или целосно да се укине.

0
89

Повеќето луѓе не се замараат дали нешто лошо ќе се случи за еден ден, две или повеќе години. Тоа е одбранбен механизам кој е развиван илјадници години.

Замислете ситуација кога човек почнува да размислува, што ако утре има земјотрес и кој ќе настрада, што ако комета ја погоди Земјата за 2 дена, што ако кабелот во лифтот се скине, што ако скршената гранка падне право на нас … животот би бил како кошмар.

Меѓутоа, овие стравови се оправдани, ако е очигледно дека вистинската опасност е близу (на пр. најава за влез на голем метеор во атмосферата, употреба на стар дотраен лифт, итн.).

Механизмот што најдобро би го опишал отфрлањето на непотребните грижи може да се нарече – тоа нема да ми се случи мене. И тоа е добар одбранбен механизам, но денес треба да се гледа малку поинаку. Животната средина се менува многу брзо и тоа може негативно да влијае на развојот на децата. За жал, некои родители не се свесни за тоа, а некои мислат дека ништо лошо нема да се случи, додека некои дури и не знаат дека сега постои нова вистинска опасност. И тоа не е дотраен кабел во лифт или метеор што влегува во нашата атмосфера, туку нешто што повеќето родители мислат дека е во ред, па дури и корисно.

Има многу погрешни работи што ги прават родителите, првенствено во областа на презаштитувањето, но една се издвојува се повеќе, а тоа е прекумерното гледање телевизија, особено за деца под тригодишна возраст.

Имено, детето се развива со движење во интеракција со околината, мозокот има одредени модели на развој и доколку нешто се пропушти, може да го забави или оштети развојот на детето.

Сигурно повеќето родители мислат дека не е толку важно и секако – тоа нема да ми се случи мене, односно, на моето дете. Тие наоѓаат оправдување и објаснуваат дека некои од пријателите на децата гледаат телевизија неколку часа, па не им недостасува ништо или дека постарото дете гледало телевизија секој ден и дека е се во ред со него и слично. И тогаш се појавува проблемот, детето доцни во развој, не зборува, оди на терапија, родителите посетуваат специјалисти за ран развој, се обидуваат да го компензираат она што мозокот не го добил во интеракција со околината или уште полошо, чекаат проблемот да се реши сам.

За жал, тешко дека ќе помине самостојно, па штом родителите забележат дека нешто не е во ред, треба да контактираат со педијатар кој ќе ги упати понатаму.

На детето му е работа да се движи, да комуницира, да си игра, а гледањето ТВ, особено таблетите и видео игрите се последната опција што треба да се сведе на минимум или целосно да се укине.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]