Надарените деца, со јасна мисија да ја предизвикаат и променат реалноста, за првпат почнаа да се појавуваат во 1970 -тите. Индиго децата се надграден нацрт за човештвото, именуван по бојата на нивната аура во која доминира кралската сина боја. Покрај психичката свест, тие се моќни двигатели на промените, креативци со перцепција која ги проучува воспоставените општествени норми. Тие се навистина стари души и нивната мисија е јасно поставена да го размрда современиот свет и да им го отворат патот на идните генерации за создавање поголем мир и хармонија за сите.
13 вообичаени карактеристики на индиго децата:
Се чувствувате духовно разбудени
Родени сте за да работите за промени и од мали нозе се чувствувавте вклучени во нешто духовно повеќе од повеќето луѓе. Духовното будење може да биде поттикнато од било што, од сосема духовно до нешто што го менува животот.
Судено ви е да бидете тука
Од време на време сте самоуверени, па дури и арогантни – и охрабрени од нешто поголемо отколку што можете да објасните. Знаете дека сте сместени на оваа планета со причина и дека ќе направите позитивни промени. Знаете дека на другите им е потребна вашата помош во нивната трансформација.
Имате високи очекувања од себе и од другите
Ова може да биде причина за предизвици во односите и интеракциите, обично затоа што го гледате само најдоброто и очекувате другите да го оправдаат тоа. Иако можете да бидете и безмилосно самокритични. Не дозволувајте ова да ве поведе во погрешна насока, наместо тоа искористете го во ваша корист за да се поттикнете себеси и другите, но исто така знајте дека другите можеби не се толку мотивирани како што сте вие.
Интуицијата е вашиот најдобар пријател
Со вродена самодоверба, често мислите дека вашиот пат е вистинскиот и се навредувате ако другите не го видат тоа. Имате внатрешен компас – интуиција – кој ве води низ животот и секогаш знаете што е правилно. Ако индиго децата владееја со светот, сигурни сте дека не би имало проблем.
Ги преиспитувате авторитетите
Вие не сте од оние што преговараат, вие сте толку сигурни во своите ставови и однесување па бунтот не ви е туѓ и скептични сте кон оние што се на власт. Се разбира, ова повремено може да ви предизвика проблеми. Затоа е важно да научите да ги избирате своите битки.
Имате силна желба да ги смениуте системите
Тешките и крути системи ви изгледаат глупаво и често не можете да разберете како некои ги сметаат за нормални. Овие системи, исто така, може да изгледаат застарени во споредба со оние за кои знаете и за кои верувате дека се многу поефикасни. Бидете трпеливи и знајте дека на масовните системи им треба време и луѓе за да се сменат.
Кретивни сте
Вие сте уметнички надарени, а вашата уметност ги повикува другите да го видат светот околу вас преку вашите очи. Негувајте ја таа способност затоа што ви е како втор јазик, со кој можете да им пристапите на другите.
Креатор сте на промени
Вие сте толку свесни за пропустите на општеството и тоа ве прави одличен лидер. Секогаш наоѓате нови и подобри деловни методи, работите на промени во општеството и внесувате мир во хаосот.
Не можете и не сакате да се вклопите
Понекогаш се чувствувате погрешно разбрано меѓу луѓето бидејќи препознавате дека се разликувате од повеќето луѓе. Може да се стремите да бидете осаменик или бунтовник, не сте подготвени да направите компромис само за да се вклопите во општеството или во нечиј калап.
Своеглави сте
Бидејќи сте индиго дете, вашата мисија е кодирана во целото ваше битие, ја знаете вашата вредност и не сакате да се откажете од она во што верувате бидејќи вашиот интегритет има висока позиција на скалата на вредности.
Страствени сте и фокусирани
Иако страствените темпераменти понекогаш се тешки за поднесување, вие не сте од оние што можат да бидат мирни или замолчени. Овие особини треба да се балансираат едни со други, бидејќи премногу нескротлива страст може да доведе до негативни исходи. Негувајте ги овие квалитети и користете ги и двете по потреба.
Имате психички способности
Без никаква потреба за развој, вашите психички способности (визионерство, емпатија, интуиција) се добро подесени. Иако не гледате ништо посебно во вашите способности, тоа ви дава предност да ги читате другите со леснотија, а малкумина можат да ве измамат.
Фрустрирани сте
Вашата визија за подобар свет и општество исто така може да ве доведе до ниво на фрустрација бидејќи сте немирна душа желна за промени. Лесно се фрустрирате од општеството и луѓето кои не се менуваат доволно брзо. Меѓутоа, за вашата мисија да го промените светот на подобро да биде успешна, ќе треба да бидете трпеливи.
Фото: Freepik